Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производите на словенечки „Млинострој“ претставени пред земјоделците од Пелагонија: Технологија за чистење, сушење и складирање на житарици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Производите на словенечки „Млинострој“ претставени пред земјоделците од Пелагонија: Технологија за чистење, сушење и складирање на житарици
Агровести

Производите на словенечки „Млинострој“ претставени пред земјоделците од Пелагонија: Технологија за чистење, сушење и складирање на житарици

Објавено 30/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Битола, во дворот на компанија Синпекс, се одржа манифестацијата „Најуспешни во земјоделството“ во организација на Земјоделското здружение „Современо земјоделство“.

На едно место беа собрани искусни земјоделци, претставници на институции, компании чија дејност е поврзана со земјоделското производство како и вредни жени од руралните подрачја кои ги презентираа своите кулинарски способности.

На настанот беа присутни и претставници од компанијата Техноинвест“ од Скопје кои ги претставија производите на словенечки „Млинострој“ пред земјоделците.

Техноинвест е основан во 1991 година, и за овие, повеќе од 30 години, израсна во лидер во сегментот на транспортни ланци во Македонија. Покрај дистрибуција на ланци, Техноинвест дизајнира и изработува секаков вид на транспортни системи, во потполност со специфичните барања од клиентите.

Со оглед на усмереноста кон тешката индустрија, активностите на компанијата се проширени и со решенија за кревање товар, индустриска вентилација и отпрашување, обработка на жито и грануларни производи, ланци за заштита и подобрување на тракција, warehousing..

Заедно со Млинострој (Словенија) обезбедуваат решенија за индустриите за обработка на сипкаст/грануларен материјал, како:

  • транспорт и складирање
  • дозирање, мерење
  • сушење, мелење, мешање, сепарација на материјали

за силоси за жито, производство на сточна храна, прехрана, хемиска индустрија, градежништво и дрвна индустрија, со фокус на линии за производство на дрвени пелети.

Интересот на земјоделците беше во насока на можноста оваа технологија да ја набават преку ИПАРД и на тој начин да добијат 60% грант за нивната инвестиција.

Повикот за Мерка 3 од ИПАРД се очекува да биде кога ќе заврши актуелниот повик за Мерка 1 и Мерка 7 и добро е земјоделските производители да имаат повеќе информации за производите и технологијата на реномираната словенечка компанија „Млинострој“.

Во оваа прилика ја најавуваме нашата идна соработка со компанијата „Техноинвест“ со Агротим консалтинг и во следниот период преку Агротим.мк ќе ја презентираме понудата на „Млинострој“ како и условите под кои може да се аплицира за нејзина набавка.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцимзшвмлиностројопремапелагонијасубвенциитехноинвест
Претходен напис „Вкуси ја традицијата“ на 7 октомври во Скопје со околу 400 изложувачи и над 2 000 производи
Следен напис Сончево со умерена облачност во северните делови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?