Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЗЗ „ШАРИ“ со земјоделците во Теарце: Интерес за ИПАРД, информации за продажба од куќен праг, сугестии за поделбата на субвенциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЗЗ „ШАРИ“ со земјоделците во Теарце: Интерес за ИПАРД, информации за продажба од куќен праг, сугестии за поделбата на субвенциите
Агровести

ЗЗ „ШАРИ“ со земјоделците во Теарце: Интерес за ИПАРД, информации за продажба од куќен праг, сугестии за поделбата на субвенциите

Последна измена: 09/11/2024 11:45
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Во Општина Теарце се одржа средба со земјоделците во организација на Земјоделската задруга ШАРИ и Агротим на тема едукација и информација за актуелниот повик за Мерка 7 од ИПАРД и други можности за користење на грантови како и начинот на регистрирање за продажба од куќен праг.

Претседателката на задругата, Бехари Незири ја потенцираше важноста од ваквите средби за земјоделските производители кои најчесто се жалат дека не се запознати со условите за аплицирање за да можат да ги користат средствата од програмата ИПАРД како и други мерки од Владата.

Темата беше актуелниот повик за ИПАРД за Мерка 7 но и за очекуваниот повик за Мерка 1 која беше посебно интересна за фармерите од овој крај преку која можат сточарите да изградат фарма, да набават механизација, технологија и се што е потребно за една модерно сточарско производство.

На средбата стана збор и за услови треба да ги исполнат фармерите за да можат да продаваат од куќен праг како начин за започнување на семеен бизнис. Постапката започнува со одење во Подрачните единици на АХВ и пополнување на барањето за воведување во евиденција на оператор за храна од примарно производство. Условите и критериумите кои што треба да се исполнат не се воопшто тешки и комплицирани за земјоделските производители и ова е одлична можност, а за некои досегашни мерки на МЗШВ и услов за аплицирање.

Како обично се случува, не поминува ниту една средба со земјоделци, а да не се коментира поделбата на субвенциите и начинот на исплата. Одгледувачите на овци реагираа на промената на субвенциите во овчарството и побараа да се врати стариот модел на субвенционирање.

Ветивме дека ќе информираме за овој проблем на одгледувачите на овци и ќе го поддржиме нивното барање затоа што овчарството е тешка сточарска гранка која заслужува секаква поддршка од страна на државата, а каква помош им треба најдобро знаат фармерите.

Секретарот на Земјоделската задруга ШАРИ, Насер Џемаили уште еднаш ја потенцираше важноста на ваквите едукативни средби кои се потребни за производителите. Исто така ги повика и другите земјоделци да се зачленат во задругата за заедничко делување и поддршка на секторот овчарство. Најави активности во делот на исплатата на субвенциите, враќање на стариот модел и одржување на вакви средби и во други општини.

Може да ви се допадне

Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на на граничните премини
Поскапуваат горивата
Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Таг:Општина Теарцесредбасточарифармери
Претходен напис АХВ апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови да ја информираат агенцијата
Следен напис Во понеделник на АГРОТИМ – Ден на ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА: Понуда, цени, новости, совети…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?