Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СВР Куманово ги засили превентивните активности за превенција од пожари на отворен простор и во шуми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СВР Куманово ги засили превентивните активности за превенција од пожари на отворен простор и во шуми
Агровести

СВР Куманово ги засили превентивните активности за превенција од пожари на отворен простор и во шуми

Објавено 18/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кумановската полиција и подрачната единица на ЈП „Национални Шуми“, почнаа со превентивни активности преку непосредна комуникација и делење летоци на граѓаните за зголемување на свеста од опасноста од предизвикување пожари.

СВР Куманово посочува дека преку организациските единици континуирано презема мерки и активности за информирање на граѓаните и реализирање на превентивни мерки за спречување на пожари особено на отворен простор и во шуми. Во тек се постојани активности во соработка со подрачната единица на јавното претпријатие „Национални шуми“ каде при непосредни средби на граѓаните им се делат летоци со основни безбедносни совети и како да се постапи при откривање шумски пожар.

– Апелираме до граѓаните да бидат внимателни особено во претстојниот период и да не се пали оган на отворено, стрништа, пасишта и сува вегетација, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци и на тој начин заедно да придонесеме за зачувување на шумите, а со тоа да го заштитиме животот и здравјето како и личниот и имотот на другите, велат од СВР Куманово.

Полицијата потсетува дека предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до осум години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последиците.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:кумановопожарсвр куманово
Претходен напис (ВИДЕО) Се шират шумските пожари во Грција
Следен напис Лавров: Прекинот на договорот за жито подразбира повлекување на безбедносните гаранции за извоз во Црното Море
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?