Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово, порачува генералниот директор на ФАО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово, порачува генералниот директор на ФАО
Агровести

Свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово, порачува генералниот директор на ФАО

Објавено 16/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под мотото „Водата е живот, водата е храна. Никој да не биде изоставен“, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска го одбележува 16 Октомври – Светскиот ден на храната.

Со низа настани и активности во околу 150 земји и на повеќе од 50 јазици, ФАО повикува на акција и обединување на владите, општините, бизнисите, медиумите, јавноста и младите за клучните глобални предизвици и можните решенија за еден од најскапоцените ресурси на планетата: водата.

Генералниот директор на ФАО Кју Донгју, повикува за колективна акција, нагласувајќи дека свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово.

Под мотото „Водата е живот, водата е храна. Никој да не биде изоставен“ Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска го одбележува 16 Октомври Светскиот ден на хр

–  Со оглед на тоа што околу 70 проценти од слатките води се користат за земјоделски цели, од клучна важност е да ги смениме начините на производство на нашата храна.  Земете во предвид дека во текот на последните две децении, секој од нас потрошил приближно една петтина од свежата вода што ни е достапна. За некои луѓе, реалноста е многу полоша. Во некои региони, всушност, оваа бројка се движи поблиску до една третина. Освен ако не дејствуваме итно, на пат сме да ја зголемиме потрошувачката на вода за повеќе од една третина до 2050 година на глобално ниво, со оглед на зголемената стапка на раст на популацијата на нашата планета. Тоа значи, колективно, ризикуваме да стигнеме до точка од која нема враќање, порачува Донгју.

Во обидот да се најде решение за овие комбинирани предизвици, според Донгју, најважно е да се обезбеди доволно вода за земјоделството, истовремено усогласувајќи ги и потребите за вода и на другите економски активности, особено во услови на забрзана урбанизација. 

– Владите треба да креираат политики засновани на наука и докази, базирани на податоци и иновации, и да се координираат меѓусекторски за подобро планирање и управување со водите.  Водата, енергијата и храната се нераскинливо поврзани. За политиките да бидат успешни, важно е тие успешно да управуваат со често спротивставените интереси, без притоа да го загрозат здравјето на нашите екосистеми, нагласува Донгју.

Донесувањето информирани одлуки за производите што ги купуваме, трошењето помалку вода и спречувањето на катастрофите од поплави и загадување, порачува Донгју, се лесни начини за сите да придонесат кон просперитетна иднина на луѓето и планетата. 

– Тиe се главни начини за постигнување на се е она што ние во ФАО го нарекуваме Четирите подобрa (Four Betters): подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот – за да се осигураме дека никој нема да биде изоставен, вели Донгју по повод Светскиот ден на храната.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бесконечнаводаФАО
Претходен напис Поевтинуваат бензините, дизелот поскапува
Следен напис Росоман побара, Водостопанство „Тиквеш” одобри продолжено водоснабдување за земјоделските култури 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?