Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Росоман побара, Водостопанство „Тиквеш” одобри продолжено водоснабдување за земјоделските култури 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Росоман побара, Водостопанство „Тиквеш” одобри продолжено водоснабдување за земјоделските култури 
Агровести

Росоман побара, Водостопанство „Тиквеш” одобри продолжено водоснабдување за земјоделските култури 

Објавено 16/10/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Општина Росоман побара, а Водостопанство „Тиквеш” одобри продолжено водоснабдување за земјоделските култури и после 15 октомври, информираа денеска од росоманската локална самоуправа. 

Во врска со барањето за продолжување на сезоната за наводнување на земјоделски површини во Општина Росоман, од Подружница „Тиквеш” Кавадарци при АД Водостопанство на РСМ Скопје, ја известиле локалната самоуправа дека извршуваат снабдување со вода за наводнување и останати потреби за водокорисниците и земјоделските површини од левиот магистрален канал од ХМС Тиквеш, вклучително за водокорисниците и земјоделските површини од Општина Росоман. 

– Имајќи ги предвид реалните потреби за вода во овој период од годината, Подружница „Тиквеш” ќе продолжи со испорака и снабдување со вода за потребите на водокорисниците и земјоделските површини од Општина Росоман и после 15 Октомври, за што ги презеде потребните мерки за продолжување на снабдувањето со вода, се вели во писмениот допис до Општината. 

Во дописот се нагласува дека снабдувањето со вода ќе продолжи и во наредниот период во зависност од потребите за вода и временските услови, за што навремено ќе бидат известени, како локалната самоуправа, така и водокорисниците од Општина Росоман. 

МИА

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:водоснабдувањеВодостопанствоземјоделските културиРосоманТиквеш
Претходен напис Свежата вода не е бесконечна и треба да престанеме да ја земаме здраво за готово, порачува генералниот директор на ФАО
Следен напис Распишан нов јавен повик за набавка на педигриран добиток со поддршка до 10 милиони денари по корисник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?