Светското производство на лешници се загрозени поради кафеавата мраморна смрдливка (Halyomorpha halys), штетник кој што ги нападна насадите на лешници во Турција.
Овој штетник потекнува од Азија (Кина, Јапонија и Кореја), а во светот се проширува благодарение на транспортот на стока со бродови, но и поради се повисоките температури и недостатокот на природен непријател.
Видот кој што го напаѓа лешникот за прв пат е забележан во Турција во 2017 година, откако претходно направил огромни штети во Грузија. Оттогаш, овој инсект се проширил во најмалку осум турски градови кои што се лоцирани во регионот на Црно Море.
Ако не се уништат на време, околу 30% од лешниците ќе бидат уништени. Оваа количина преставува една петина од светското производство.
Зависноста на кондиторската индустрија од турските лешници ги поттикна научниците да најдат решение што е можно побрзо.
Оваа година во Истанбул е одржана меѓународна конференција за кафеавата мраморна смрдливка и нејзината закана во Турција и Медитеранските земји.
Дискусиите се насочени кон борба со инвазија од страна на природен непријател, станува збор за азијска самурајска оса која ги уништува јајцата на смрдливката.
Досега, локалните земјоделци решението го наоѓаа во инсектициди, но ова станува се потешко бидејќи популацијата на овој штетник се зголемува низ целиот регион.

Температурите во следните месеци ќе играт клучна улога во зачувувањето на родот на лешник. Студеното време, минатата година го одложи излегувањето на овој штетник од хибернација, што овозможи нормален развој на плодовите.
Оваа година, метеоролозите предупредуваат на надпросечни температури, што индиректно значи дека насадите сигурно ќе бидат загрозени.

Овој штетник не ја одмина ниту Италија, нанесувајќи им огромни штети на производителите. Минатата година на тамошните производители оваа кафеава мраморна смрдливка им нанесе штета од 500 милиони евра.
АПЛИЦИРАЈTE ПРЕКУ ИПАРД МЕРКА 1 MK EU
Meteobot® aгрометеоролошка станица со комплетна документација
