Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светски ден на „вранецот“: Потенцијалот е голем, но треба да се смени пристапот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светски ден на „вранецот“: Потенцијалот е голем, но треба да се смени пристапот
АгровестиСаеми и манифестации

Светски ден на „вранецот“: Потенцијалот е голем, но треба да се смени пристапот

Објавено 05/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Достигнувањето некое ниво во производството не смее да се сведува само на ентузијасти. Неопходни се реформи, кои, сакале ние или не, ЕУ ќе ни ги наметне. Не смееме да се плашиме од поинаков пристап кој води напред, порача здружението „Вина од Македонија“ по повод „Светскиот ден на Вранецот“.

Како што изјави претседателот на „Вина од Македонија“ Светозар Јаневски ќе мораме да ги доевдеме работите во ред.

– Прославуваме локална сорта која има голем потенцијал, но неопходни се промени за да го добиеме она што го сакаме. Успеавме да го дотераме квалиотетот на „вранецот“ до некое ниво, но тоа е работа повеќе на ентузијасти. Ова е почеток на патот по кој треба да одиме, пат што долго трае и не еден политички мандат. Сите се плашат од реформи, но реформите мора да почнат. Ќе бидеме принудени на нив со почетокот на преговорите со ЕУ. ЕУ ќе ни ги наметне тие реформи, не можеме вака да се однесуваме, треба работите да ги дотераме во ред, истакна Јаневски.

Тој потсети дека ЕУ ќе ни наметне два нови термина – грло и хектар.

-Тоа подразбира стимулирање во развој. Фондовите не се бават со формирање цена. Таа се формира меѓу два субјекта што преговорааат, а другиот сегмент се развојните проекти – стимулирање промена, купување опрема, вложување. Тој друг пристап ќе ни даде поголеми можности за да влеземе во други води и да го направиме она што треба. Имаме извонредни „вранци“ тука, во нив лежи оргомен потенцијал, но во него треба постојано да се вложува, рече Јаневски Во земјава има околу 10.800 хектари вранец, а во регионот 15.000 – 16.000, дел во Косово и Црна Гора.

– Се обидуваме да се поврземе сите заедно во регионот, да ја насочиме целата снага, на институтите науката, традицијата, лозарите, за да ги промениме навиките, информира Јаневски Од лани, извозот на виното „вранец“ е зголелмен за седум проценти што, беше речено, дополнително укажува на потенцијалот.

– Оваа година можеби не беше најдобра, но Владата, со рекордни 6,5 милиони евра успеа да го избалансира тој дел на пазарот. Со нашите мерки ќе се средува и делот со залихите, но тоа не е доволно. Планирани се реформи. Ќе се формира комитет за винско грозје меѓу лозарите и визбите, ќе се изготви и стратегија зашто виното после тутунот е втор производ по извоз. Остануваме на заложбата да помогнеме за да бидеме препознатливи во светот, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Според министерот за економија, Крешник Бектеши, државата и натаму ќе продолжи со поддршката на кластерите.

-Еден од нашите стратешки производи е виното. Затоа, и во 2021 година продолжува поддршката на калстерските здруженија, а целта е добивање нови пазари и зголемување на размената, на извозот на вино. Многу е важно да направиме програма и заедники да настапиме, да продаваме флаширано вино кое значи и додадена вредност, нагласи Бектеши.

На одбележувањето на „Светскиот ден на Вранецот“ беше промовирана Брошурата за промоција на винската индустрија на земјава, чија подготовка е поддржана од Министерсрвото за економија преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво.

– Имајќи предвид дека сме во економска криза, ова е можност за нашите винарии да почнат да освојуваат и нови пазари, оцени министерот Бектеши.

„Светскиот ден на Вранецот“ се одбележува втор пат.

МИА


Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Арјанит Хоџа.вина од македонијаВранецКрешник БектешиСветскиот ден на Вранецот
Претходен напис Членови на пчеларското здружение „Нектар” од Гевгелија се вратија со седум златни медали
Следен напис Бесими: Вториот ребаланс на буџетот обезбеди средства за Четврт пакет мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?