Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бесими: Вториот ребаланс на буџетот обезбеди средства за Четврт пакет мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бесими: Вториот ребаланс на буџетот обезбеди средства за Четврт пакет мерки
Агровести

Бесими: Вториот ребаланс на буџетот обезбеди средства за Четврт пакет мерки

Објавено 05/10/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата вчера на седница го усвои ребалансот на буџетот за 2020 година. Ова е втор ребаланс што се прави годинава, а произлегува од потребата за имплеметација на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните,  економијата и макроекономската стабилност.

-Со овој ребаланс се овозможува спроведувањето на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да помогне одредени погодени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија, за да – кога кризата ќе заврши – продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција на која го презентираше прифатениот ребаланс на буџетот.

Тој додаде дека согласно ревидираните проекции на Министерството за финансии, врз основа на кои е правен и вториот ребаланс на буџетот, враќањето на патеката на економски раст се очекува да биде побавно во однос на претходните проекции.

-Очекувањата се дека економијата ќе забележи пад од 4,4 отсто во 2020 година. Мора да се напомене дека падот ќе беше повисок, имајќи го предвид четвртиот сет на мерки. Ревидирана е и стапката на инфлација која се очекува да изнесува 1 отсто, рече Бесими.

Напомена дека за справувавање со ковид-кризата досега се преземени три пакети владини мерки. Овие пакети беа насочени кон соочување со првиот наплив на кризата и се состоеја од поддршка на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и поддршка на граѓаните погодени од кризата.

Соопшти дека реализацијата на буџетот заклучно со септември, на приходната страна изнесува 136 милијарди денари или 69,1 отсто во однос на планираните приходи за 2020 година со ребалансот од мај, што е за 4,9 отсто помалку во однос на истиот период од лани. Реализацијата на расходната страна изнесува 171,9 милијарди денари, што претставува 70,5 отсто во однос на годишно планираниот износ со првиот ребаланс, или за 10,7 отсто повеќе во однос на лани. Согласно ова во периодот јануари-септември 2020 година остварен е дефицит на Буџетот на Република Северна Македонија во висина од 35,8 милијарди денари или 5,3 отсто од БДП. Според овие податоци, реализацијата на буџетот одеше согласно планот, но со носење на четвртиот пакет на мерки кој е во насока на поттикнување на економската активност и поддршка на фирмите и на граѓаните се јави потреба за финансирање на истите, а со тоа и преструктуирање на позициите во буџетот и обезбедување на дополнителни финансии, потенцира Бесими.

Како што додаде вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,4 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со претходните измени и дополнувања на Буџетот беа планирани на реално ниво односно пониски за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Во структурата на вкупните приходи, даночните приходи учествуваат со 55,6 отсто и се планирани на ниво од 109,2 милијарди денари. Придонесите од социјално осигурување како изворни приходи на фондовите се планирани во износ од 65 милијарди денари или за 2,6  отсто повисоко во однос на планот за 2020 година. Останатите приходи како неданочни, капитални и странски донации) се планирани на ниво од 22,1 милијарди денари.

Вкупните расходи, посочи, се планирани на ниво од 253 милијарди денари или за 4,2 отсто, односно за 10,1 милијарди денари повисоки во однос на ребалансот.

Врз основа на вака планираните приходи и расходи, министерот наведе дека дефицитот е позициониран во износ од 56,6 милијарди денари, односно 8,4 отсто од БДП.

Ребалансот денеска ќе биде доставен до Собранието на усвојување.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:буџетВлада на РМребаланс на буџетотФатмир Бесими
Претходен напис Светски ден на „вранецот“: Потенцијалот е голем, но треба да се смени пристапот
Следен напис Работилница за локалните системи на храна во Гевгелија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?