Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светски ден на борба против беснило – АХВ апелира домашните миленици редовно и навремено да се вакцинираат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светски ден на борба против беснило – АХВ апелира домашните миленици редовно и навремено да се вакцинираат
Агровести

Светски ден на борба против беснило – АХВ апелира домашните миленици редовно и навремено да се вакцинираат

Објавено 28/09/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември – Светски ден на борба против беснилото, која годинава под мотото „Кршење на границите на беснилото“ се одбележува по 18-ти пат.

-Годинашното мото нагласува дека концептот „Едно здравје“ се однесува на секого од нас и не насочува да размислуваме надвор од рамката, да ги уништиме бариерите што стојат на патот на елиминација на беснилото. Тука спаѓаат јазлите во меѓународната соработка, недостигот од пристап до основните ресурси (вклучувајќи квалитетни вакцини) и ограниченото знаење на јавноста за болеста. Со годинашното мото, Глобалната алијанса за контрола на беснилото ги охрабрува засегнатите страни, организациите и луѓето од секоја сфера на животот да се обединат за да ја постигнат целта од нула смртни случаи од беснило до 2030 година #ZeroBy30, соопшти АХВ.

Посочува дека беснилото е прекугранична болест и бара прекугранична акција. 

-Заедно, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Светската организација за здравје на животните (WOAH), Светската здравствена организација (СЗО) и Форумот Обединети против беснило го користат пристапот за „Едно здравје“ за да ги здружат владите, производителите на вакцини, истражувачите, невладините организации и развојни партнери во борбата со болеста. Со соработка и здружување на силите низ секторите, ангажирање на заедниците и почитување на задолжителната вакцинација на кучињата, заедно како еден можеме да работиме кон првата цел за елиминирање на една болест за да го направиме концептот „Едно здравје“ достапен за сите – користејќи го беснилото како пример, наведува Агенцијата. 

Во соопштението АХВ додава дека како одговорна институција за заштита на здравјето и на луѓето и на животните во контекст на концептот „Едно здравје“, координирајќи ги активностите на здравствената заштита на животните и јавното здравје, континуирано презема активности за контрола и одржување позитивна епидемиолошка состојба кога е во прашање болеста беснило.

Агенцијата информира дека поради навреме преземените потребни мерки за контрола, во Северна Македонија е стабилна епидемиолошката состојба  во однос на оваа болест и дека беснило во земјава нема  од последните евидентирани случаи во 2012 година – кај мачка во радовишкото село Аргулица и кај волк во кочанското село Главовица. 

-Со стапка на смртност од речиси 100 проценти и кај луѓето и кај животните, беснилото останува глобална закана, убивајќи приближно 59 000 луѓе секоја година. Кучињата се главниот резервоар на болеста. Контролирањето и елиминирањето на смртоносната зооноза значи, според тоа, борба против неа од нејзиниот животински извор, наведува АХВ.

Апелира до сопствениците на домашни миленици да бидат одговорни сопственици кон нивните миленици, кон самите себе, кон своето семејство и непосредната околина со тоа што навремено и редовно ќе ги вакцинираат милениците во регистрираните ветеринарни друштва затоа што беснилото е премногу сериозна болест. 

-Вакцинирањето против беснило на кучињата и мачките е законска обврска. Започнува на возраст од четири месеци, а вакцината е целосно безопасна за миленикот. Ревакцинација се врши еднаш годишно, информира Агенцијата за храна и ветеринарство. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвбесниловакцинираатмиленицисветски ден
Претходен напис Промена на времето со значителен пад на дневната температура
Следен напис Јапонско јаболко, плод од овошје кај кое не се применува заштита
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?