Плод од овошје кај кое не се применува заштита Јапонското јаболко е нутритивно многу вредно овошје кое содржи голема количина на хранливи материи: витамини А, Б и Ц, јод и железо.
Тие се особено корисни во есен и зима затоа што ги подобруваат имунитетот и нервниот систем и му помагаат на организмот да се заштити од разни инфекции, сметаат нутриционистите.
Јапонското јаболко можете да го јадете колку што сакате, но обидете се тоа да не е повеќе од две до три овошки во текот на денот, за да спречите дијареја и стомачни тегоби.
Ова овошје е многу корисно за лица со анемија или кардиоваскуларни заболувања. Јапонското јаболко содржи сосема мала количина на овошна киселина и не им пречи на луѓето со гастроинтестинални проблеми.
Сорта Rojo Brillante
Бојата на кожата и на месото за време на бербата е светло портокалова, станува многу слатка за јадење. Плодот е издолежен конусно со големина од 250 до 300 gr. И по долг период на чување плодовите остануваат црвсти со многу пријатен вкус.
Самооплодна сорта
Фејсбук статус на Опитно Поле – Факлултет за земјоделски науки и храна.
