Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светска банка порачува да не се даваат субвенции за тутунот, да се воведат модерни технологии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светска банка порачува да не се даваат субвенции за тутунот, да се воведат модерни технологии
Агровести

Светска банка порачува да не се даваат субвенции за тутунот, да се воведат модерни технологии

Објавено 13/12/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светска банка препорачува државата да се откаже од директните плаќања за поддршка на производството на тутун, а во однос на поефикасно субвенционирање на земјоделството ќе треба да утврди најнизок праг на големина на фармите кои ќе добиваат субвенции. За подобри ефекти од субвенционирањето Банката предлага да се премине на модел на поддршка на инвестиции во посевите со висока вредност со што значително би се придонело за подобар сектор и за поголеми приходи.

Во „Прегледот на јавните финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и поттикнување на отпорноста“ Светска банка препорачува и воведување нови технологии и во земјоделството со што ќе се зголеми производството и продуктивноста на секторот.

Според Банката, при реформата на субвенционирањето во земјоделството треба да се напуштат директните плаќања и да се користи европската практика на раздвоено плаќање.

„Во комбинација со усвојувањето на ЗЗП добри еколошки практики, ќе го олесни затворањето на многу мали, неефикасни фарми и промовирањето на поефикасни, поиновативни земјоделци. Ова е повторно мерка во согласност со стандардната практика во земјите-членки на ЕУ. Ќе ослободи пари за инвестиции“, наведуваат од банката

При транзицијата од еден во друг модел треба да се има предвид социјалната положба на населението и да се овозможи праведна транзиција и да не се заборават ранливите категории земјоделци.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКА БАНКА ПРЕДЛАГА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ДДВ НА 19% Македонија…

плусинфо  13/12/2024

ТУТУНОТ СЕ ОТКУПУВА И ПО 400 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ Тутунарите…

МИА  10/12/2024

Се предлага да им се овозможи на земјоделците сами да ги одбираат културите кои ќе ги произведуваат врз основа на пазарните услови.

„Бидејќи одлуките за производство би се засновале на конкурентна предност ќе се зголемат инвестициите во фармата и производството, земјоделците би ја пренасочиле употребата на земјиштето кон производство со висока вредност и јавната поддршка би имала поголем ефект врз подобрувањето на приходите, особено кај многу малите фарми“, се наведува во препораките.

За подобрување на состојбата во земјоделството и за зголемување на приходите ќе треба да се напушти и поддршката за земјоделските култури со ниска вредност и да се дава поддршка на посевите со висока вредност.

„Прераспределбата на поддршката за рурален развој кон капитални инвестиции, а особено кон широко усвојување на иновативни технологии, треба да стане врвна политика за приоритет. Поголема земјоделска продуктивност и повисоки приходи на фармите ќе произлезат од усвојување иновативни технологии и практики од македонските земјоделци, помагајќи им да се подигнат приносите, поефикасно да управуваат со инпутите, да се усвојат нови култури и системи за производство, и да го подобрат квалитетот на нивните производи“, се наведува во извештајот.

Од Светска банка потсетуваат дека не треба да се занемарат ниту климатските промени, бидејќи земјоделството е на удар, но и да се вложува во земјоделско-преработувачки сектор и да се поттикне тој повеќе да извезува.

Банката предлага да се подобри и пристапот на земјоделците до кредити кои ќе им помогнат во воведувањето на новите технологии. За зголемување на продуктивноста во земјоделското производство и за да се подобри квалитетот на производите се предлага воведување иновативни технологии и практики.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ефектземјоделствоСубвенциитутунфарми
Претходен напис Намалено производството на млеко во Европа, но и во Србија
Следен напис ТК Прилеп ја ПОКАЧИ цената на тутунот на 400 ден/кг, информираат земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?