Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светиот месец Рамазан – пост, молитва и духовна посветеност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светиот месец Рамазан – пост, молитва и духовна посветеност
Агровести

Светиот месец Рамазан – пост, молитва и духовна посветеност

Објавено 20/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Рамазанскиот пост започна за муслиманските верници во Македонија и низ целиот свет каде живеат. Во текот на 30-те дена, верниците не смеат да консумираат вода и храна во одредено време како знак на жртва и посветеност на Бога. Ова се смета за свет период за муслиманите со древни корени и многу посебни ритуали.
 
Според исламската религија, Рамазан е месецот кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од столбовите на исламот, е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување.
 
Потекло и правила
 
Рамазан е името на деветтиот месец од годината во муслиманскиот календар, во кој според исламската традиција, Мухамед го примил откровението на Куранот „како водич за луѓето за правда и спасение“.
 
Оваа форма на пост, за муслиманите, значи дека можат да земат само два оброка дневно: еден пред изгрејсонце (сифир) и еден по зајдисонце (ифтар).
 
Рамазан е облик на заедништво. Вообичаено е да се поканат соседите и пријателите да ја споделат вечерата наречена ифтар и да рецитираат посебни молитви. Џамиите се полни со верници за молитвата “тарави”, која означува еден од најомилените моменти во овој месец, создавајќи чувство на единство, посветеност и понизност. Хуманитарните здруженија организираат традиционални ифтари за време на светиот месец Рамазан, како и акции за обезбедување храна за семејствата кои имаат потреба за тоа.
 
Постот е религиозна обврска
 
Во текот на овој месец, верниците бараат прошка за минатите гревови, се молат за водство и помош за да се спротивстават на секојдневните зла и се стремат да се прочистат преку самоконтрола и добри дела. Постот е религиозна обврска за секој возрасен, здрав муслимански верник, но не е задолжителен за болните, бремените жени и работниците кои работат тешка физичка работа (со опционална можност).
 
На зајдисонце, постот се прекинува со чаша вода, за да се продолжи подоцна со вечерата или на друг начин кажано (ифтар). Постот што започнува пред изгрејсонце до зајдисонце трае од 12 до 18 часа, во зависност од тоа каде се наоѓате во светот. Муслиманите што живеат во најужните земји во светот, на пример Чиле или Нов Зеланд, постат во просек 12 часа, додека оние што живеат во најсеверните земји како што се Исланд или Гренланд постат повеќе од 17 часа.
 
Месец на Куранот и молитвите
 
Муслиманите веруваат дека Рамазан е месецот кога Куранот му бил објавен на пророкот Мухамед. Пред околу 1.400 години, се верувало дека пророкот Мухамед медитирал во пештера кога му се приближил ангел. Ангелот му ги открил првите зборови од Куранот на пророкот Мухамед – и му рекол дека тие се директна заповед од Бога. Оваа ноќ е позната како Лејлетул Кадр – и муслиманите ја одбележуваат преку дела на богослужба во текот на ноќта. Ова е најважниот ден од Рамазан, кој се одржува во текот на последните десет дена од месецот.
 
По рамазанскиот пост, на 20 март се слави Рамазан Бајрам, три дена. Потоа целото семејство се собира околу празничната трпеза, додека се посетуваат роднини и пријатели. Првиот ден од Фитр Бајрам е државен празник, а 20 март (петок) ќе биде неработен ден за сите граѓани.

Фами БАЈРАМИ

Извор МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:молитваРамазанСветиот месец
Претходен напис Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
Следен напис Повремен дожд и снег на планините, дневната температура од 6 до 11 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?