Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Свечено отварање на „Подгорка“ од Струга, инвестиција вредна 5,5 милиони евра со поддршка од ИПАРД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Свечено отварање на „Подгорка“ од Струга, инвестиција вредна 5,5 милиони евра со поддршка од ИПАРД
Агровести

(ВИДЕО) Свечено отварање на „Подгорка“ од Струга, инвестиција вредна 5,5 милиони евра со поддршка од ИПАРД

Последна измена: 13/12/2019 22:23
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Во тек е свеченото отварање на преработувачкиот капацитет кофинансиран од ИПАРД – „Подгорка“ во Струга.

Сопственикот на инвестицијата Мевмед Џемајловски денеска ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна 5.5 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата. Станува збор за компанија која што се занимава со производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди и која ќе обезбеди 80 работни места за македонските граѓани.

Сопственикот Мевмед Џемајлоски пријатно ги изненади неколку вработени во компанијата на кои јавно им се заблагодари за ангажманот и посебниот придонес во развојот на „Подгорка“.

На свеченото отварање се присутни премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски како и други функционери, директори на институции, амбасадори, агробизисмени, домашни и странски гости.

Сопственикот Џемајловски изрази огромна благодарност до државните институции кои брзо и навремено помогнале во процесот на подготовка и комплетирање на потребната документација во процесот на аплицирање.

„Институциите ја препознаа и разбраа економската важност на нашата инвестиција. Објектот е изграден според стандардите за енергетска ефикасност, а производствениот процес во фабриката се одвива според најмодерни европски стандарди. Нашата цел е да ги отвориме регионалните пазари и да извезуваме во соседните земји“, соопшти сопственикот на „Подгорка“.

Директорот на платежната агенција Николче Бабовски рече дека преку повици од ИПАРД  2 програмата, се склучени  1.355 договори  по сите мерки, со вкупна вредност од 31.5 милиони евра.

До овој момент, Република Северна Македонија, искористи 39,5 проценти од вкупно расположливите средства од  ИПАРД 2. До денеска, 814 договори се авторизирани и на сметките на апликантите се враќаат 12,4 милиони евра за целосно реализирани  инвестиции.

Премиерот Зоран Заев истакна дека ваквите решителни инвестициски чекори на една домашна компанија, којашто успеа со квалитетен проект да добие средства од ИПАРД програмaта, се охрабрувачка и мотивирачка успешна приказна. Вреден пример што заслужува да се следи и да се учи од нејзините искуства за да поттикне и охрабри и други бизнис иницијативи.

Претседателот на Владата во своето обраќање рече дека денес се пушта најголемиот ИПАРД проект во историјата на Струга и за прв пат не враќаме пари туку бараме повеќе од ЕУ.

„Овој период големи усилби вложуваме во унапредувањето на регионалната соработка. Создаваме услови кои ќе овозможат 24 часовно работење на границите со царински контроли во една точка и за меѓусебно признавање на фитосанитарните контроли на производите што се движат низ регионот. На тој начин се обезбедува брз и безбеден транспорт на производите од регионот за да стигнат до пазарите во оптимално време за што во голема мерка ќе помогнат и брзите ленти за камионите“, истакна премиерот Заев.

На денешното отворање на фабриката „Подгорка“ присуствуваа и претставници од Европската Унија, кои ја посочија Северна Македонија како лидер во искористување на ИПАРД фондовите во регионот.

Може да ви се допадне

Поскапуваат горивата
Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Состојба на патиштата
Таг:Инвестиција со средстав од ИПАРподгоркаСвечено отварање на Подгорка
Претходен напис Дали вертикалното производство е решение за поздрава и поквалитетна храна?
Следен напис Земјоделците од Прилепскиот регион – активни корисници на владините мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?