Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сувото грозје и сливите помагаат при запек
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сувото грозје и сливите помагаат при запек
Магазин

Сувото грозје и сливите помагаат при запек

Објавено 30/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

При тешкотии со варењето на храната и запек, одредени намирници како сливи, суво грозје и суви кајсии, може да помогнат во решавањето на овој проблем. Ново истражување на Кралевиот колеџ во Лондон, Велика Британија, покажаа дека оваа храна е особено благотворна во оваа смисла.

Здравственото списание „Медикал рисрч“ (Medical Research) пишува дека во испитувањата учествувале 150 луѓе со хроничен запек. Тие биле поделени во три групи: Лицата од првата јаделе 85 грама суво овошје дневно, вторите пиеле сок од споменатото овошје и оние од третата еден месец земале плацебо-контролна засладена вода.

Иако и пиењето сок било корисно, испитаниците кои консумирале суво овошје покажале најдобри резултати. Тежината на нивната столица се зголемила за 21 грам дневно, велат лекарите.

– Луѓето кои јадеа суво овошје имаа пополна столица од оние кои земаа плацебо, а и тежината на нивната столица значително се зголеми. Тие беа и позадоволни, без никакви значајни несакани последици. Вистина е дека сувото овошје содржи многу шеќер, но тој се наоѓа во растителните клетки и затоа на нашето тело му треба време да го разгради тој шеќер, изјави д-р Сајмон Стинсон.

Сливите, сувото грозје и сувите кајсии се добри за варењето бидејќи содржат големи количини растителни влакна. Секако, треба да се внимава. Ако се јадат во прекумерна количина, можни се и несакани последици. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:запекпомагаатсливитеСувото грозје
Претходен напис Пуштен во употреба експресниот пат Фариш-Дреново
Следен напис Кривична пријава против три лица за нелегална сеча и нанесена штета на ЈУ Национален парк Маврово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?