Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сушата и екстремните временски услови во Европа, најмногу ѝ штетат на пченката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Сушата и екстремните временски услови во Европа, најмногу ѝ штетат на пченката
Агропрогноза

Сушата и екстремните временски услови во Европа, најмногу ѝ штетат на пченката

Објавено 28/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Топлотните бранови и недостатокот на врнежи кои ја погодија Европа значително влијаат на сите растителни култури. Последниот извештај на Агенцијата за мониторинг на земјоделските култури MARS покажува дека драстично се намалени прогнозите за принос за сите летни култури во Европската Унија, особено за пченката.

Екстремни временски услови

Овој извештаен период беше обележан со екстремна суша и жештини во неколку региони изложени на долг дефицит на дождови. Ова се однесува на големи делови од Шпанија, Јужна Франција, Централна и Северна Италија, Централна Германија, Северна Романија, Источна Унгарија и Западна и Јужна Украина.

МARS го намали очекуваниот принос на зрна пченка на 7,25 т/ха во споредба со 7,87 т/ха минатиот месец. Тоа е 7,8 отсто под петгодишниот просек и 7,9 отсто под јунскиот.

Прогнозата за приносот на обичната пченица е намалена на 5,74 т/ха од прогнозата од 5,76 т/ха во јуни. Тоа е за 1,6 отсто под долгорочниот просек. Слично е и со приносот на пролетниот јачмен, чија прогноза беше 4,10 т/ха, наспроти јунскиот принос од 4,19 т/ха и сега е за 2,1 отсто под повеќегодишниот просек.

Намалени се и прогнозите за сончоглед за 8 отсто и за сојата за 9 отсто и сега се значително под петгодишниот просек.

Ожнеан е голем дел од зимските житарки (пченицата, јачменот, ‘ржта), а прогнозите за овие култури имаа мали отстапувања во однос на петгодишниот просек.

Прогнозата за принос на шеќерна репка е намалена на 77,4 т/ха, што е сепак за 4 отсто над петгодишниот просек.

Прогнозата за принос на компир е намалена на 35,1 т/ха, но сепак е над петгодишниот просек за 2,8 отсто.

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Таг:суша
Претходен напис Забранет е изопиразамот, од пазарот на ЕУ се повлекуваат производите за заштита на растенијата базирани на оваа активна супстанција
Следен напис Одржана првата јавна презентација за воспоставување на советодавен систем во земјоделството и руралниот развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?