Сурутката уште од минатото е позната како лековита напивка која изобилува со витамини и минерали со многу бенефити за човечкиот организам, а нејзината примена е раширена меѓу сите генерации.
Тоа е течност која настанува при производство на сирење и јогурт и во неа остануваат најдобрите и највредните состојки од млекото – калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, витамини, вредни ензими и аминокиселини.
За да го почувствувате максималниот ефект на оваа скапоцена течност која нашите прабаби ја користеле како лек, можете да консумирате до еден литар сурутка дневно.
Најдобро е да ја пиете наутро на гладно или со појадокот, но дејството ќе го почувствувате и пиејќи ја во текот на денот за да се освежите и да ја вратите енергијата.
Природен лек за црниот дроб
Сурутката помага кај разни болести на црниот дроб: замастеност на црниот дроб, хепатитис, жолтица, црн дроб оштетен од алкохол и нездрава храна, цироза.
Оваа скромна напивка содржи бета-лактоглобулин кој го снабдува организмот со аминокиселини наречени BCCA кои помагаат кај напредни болести на црниот дроб и на заболените од цироза им помага да живеат подолго и поквалитетно.
Помага при слабеење
Сурутката содржи доста белковини кои ја зголемуваат мускулната маса и дава чувство на ситост со мала количина на калории. Во 100 грама сурутка се наоѓаат само 26 калории. Бидејќи е сиромашна со масти и калории, а богата со важно хранливи состојки, таа е важен дел од редукциската диета и корисна за одржување на витката линија. Белковините во сурутката исто така го зголемуваат нивото на хормони кои го намалуваат апетитот и така го ублажуваат чувството на глад.
Го поттикнува метаболизмот
Консумирањето на сурутката го поттикнува варењето и го решава непријатното чувство на надуеност. Со оглед на тоа дека има диуретски својства, внимавајте да не претерате со консумирање (максимално еден литар сурутка дневно) бидејќи може да предизвика пролив. Таа содржи млечна киселина која го намалува прекумерниот број на габи и бактерии во цревата, а нејзината ниска ПХ-вредност ја поттикнува работата на цревата.
Исто така сурутката го поттикнува и лачењето на серотонинот, хормонот на среќата, и така го намалува чувството на стрес и хроничен замор. Содржи и алфа лакталбумин кој изобилува со есенцијална аминокиселина триптофан позната по регулирање на сонот и подобрување на расположението.
Го регулира вишокот маснотии во крвта
Овој напиток се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со зголемени маснотии во крвта која не успеваат да ја контролираат со лекови и исхрана. Сурутката кај скоро сите луѓе го регулира покачениот холестерол и триглецириди после неколку недели редовна консумација.
Помага во изградба на мускулна маса
Сурутката во прав денес можеби е најпопуларна меѓу спортистите кои скапоцените својства на ова заборавено богатство обилно ги користат за создавање на мускулна маса, но и за опоравување на мускулите после физички напор.
