Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Студенти и пензионери ќе може да работат БЕЗ ДА ГИ ИЗГУБАТ СТИПЕНДИИТЕ И ПЕНЗИИТЕ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Студенти и пензионери ќе може да работат БЕЗ ДА ГИ ИЗГУБАТ СТИПЕНДИИТЕ И ПЕНЗИИТЕ
Агровести

Студенти и пензионери ќе може да работат БЕЗ ДА ГИ ИЗГУБАТ СТИПЕНДИИТЕ И ПЕНЗИИТЕ

Објавено 20/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделци, угостители, хотелиери, како и домаќинства ќе можат да вработуваат работници за извршување сезонски или повремени работи само ако овие лица ги пријават во Агенцијата за вработување и ги плаќаат даноците и придонесите поврзани со нивното вработување.

Како сезонски работници можат да работат студенти, пензионери, невработени лица, корисници на социјална и друг вид помош без да ги изгубат правата на стипендија, старосна и семејна пензија, како и надоместокот за невработеност и за социјална заштита.

Ова го предвидува Предлог законот за ангажирање лица, кој во Собранието го доставија група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Законот треба да придонесе за формализирање на непријавената работа и за унапредување на владеењето на правото.

Според овој предлог закон во земјоделството, шумарството, рибарството ќе можат да се ангажираат сезонски или привремени работници за: подготовка на земјиште, садење, сеење, жнеење, наводнување на земјиште, заштита на растенија, управување со земјоделски машини (трактор, комбајн и др.), обрежување, пресадување и проретчување, кастрење/стрижење, пасење, нега на стока и друг работи во сточарството, берење зрнести плодови, берење јаболчести плодови, берење јаткасти плодови, берење и наводнување градинарски култури, берење тутун и др. хортикултура, собирање диви плодови, калемење, сечење стебла, уништување штетници, чистење, лупење, сортирање, пакување, складирање, работи поврзани со одгледување, негување, грижа и користење на шумите.

Во секторот објекти за сместување и сервисни дејности за храна: шанкер/бармен, келнер, готвач, собар, мијач на садови, доставувач на храна, аниматор, хостеса.

Домаќинствата ќе можат да ангажираат сезонски работници за: чување деца, чување стари лица и чистење, работи поврзани со чистење за потребите на станбени згради – чистење, одржување и поправка.

Сезонскиот работник може да се ангажира непосредно од работодавачот или со посредување на Агенцијата за вработување од евиденцијата на невработени лица, но не и од приватна агенција за вработување.

Според Законот за сезонски работи и привремени работи можат да се вработат студенти, невработени и вработени лица, самовработено лице, корисник на семејна и старосна пензија, корисник на социјална со исклучок на корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот и странец кој има регулиран престој согласно закон, како и лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос.

Домаќинството, угостителот или земјоделецот може да ангажира лица за вршење работа од сезонска или повремена природа најмногу до 120 дена во текот на календарската година при што се бројат само деновите кога има работно ангажирани лица.

Повеќе за ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА на следниот линк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владапензиипензионеристипендии
Претходен напис Дел од маркетите почнаа да ги обележуваат производите кои се намалени, дел се уште немаат никакви ознаки
Следен напис Кутревски: Дипломираниот студент не треба да има енциклопедиско знаење, туку критички да размислува и да донесува одлуки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?