Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дел од маркетите почнаа да ги обележуваат производите кои се намалени, дел се уште немаат никакви ознаки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дел од маркетите почнаа да ги обележуваат производите кои се намалени, дел се уште немаат никакви ознаки
Агровести

Дел од маркетите почнаа да ги обележуваат производите кои се намалени, дел се уште немаат никакви ознаки

Објавено 20/02/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дел од маркетите веќе почнаа во пракса да ја спроведуваат одлуката на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите, која вчера излезе и во Службен весник, со што стана официјална и треба да важи до 30 април годинава.

Иако согласно одлуката од денеска се очекуваше да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи во пракса во маркетите не се гледа некое забележително намалување на цените на производите. Маркетите се обврзани соодветно да ги обележат производите за кои се намалени цените со „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ или, пак, оние кои имаат замрзнати цени со „Замрзнати цени“, но во дел од маркетите воопшто нема одбележани производи. Поевтини се само производите кои се на акција и тие се различни во секој маркет. 

Владата во вторникот на седница донесе одлуки за ограничување на бруто профитната маржа и за утврдување на највисоките цени на одделни производи со што треба да бидат опфатени 102 групи на производи или на над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи. Ваквите чекори на Владата уследија по зголемувањето на цените на основните прехранбени производи и по двата бојкота за време на кои граѓаните беа повикани да не пазарат во маркетите. 

Со владината одлука, на пет проценти се ограничува бруто профитната маржа на млекото, лебот, брашното тип 400 и 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко, на 10 отсто месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервираниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините, а на 15 отсто средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчукот, детергентите, бебешката храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија и слично. Одлуката за утврдување на највисоки цени се однесува на осум групи основни прехранбени производи при што како највисока цена ќе се земе онаа што важела на 1 февруари годинава. 

Пред Владата да ја донесе одлуката, новоформираната Комора на трговци на големо и на мало на нивно барање имаше средба со министерот за економија по што достави предлог решенија со кои предложи поевтинување на 100 до 200 производи кои се најнеопходни за живеење во периодот од 22 март до 22 април со што, според нив, би биле опфатени двата големи празника Велигден и Рамазан. По носењето на одлуката веднаш реагираа од Комората, од каде изразија загриженост и побараа повторно средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки. Сметаат дека со владините одлуки нема да бидат опфатени 1.000 производи, туку од 3.000 до 4.000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко, како и производите како што се детергентите и сапуните.

-Целиот сектор ја дели загриженоста, иако до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат достави конкретни предлози, кои се одраз на реалната состојба. Овие предлози беа на барање на Владата. Тие имаат за цел да се обезбедат ефективни мерки за намалување на цените, а истовремено да не го загрозат опстанокот на трговските претпријатија. Затоа предлагаме Владата посериозно да ги земе предвид нашите аргументирани предлози, кои се во согласност со Уставот и законите на државата, пред да донесува вакви сериозни одлуки, кои можат да нанесат голема штета на сите стопански субјекти вклучени во трговската дејност, информираа од Комората.

Одлуките на Владата ги оценија како избрзани и посочија дека со нив се нанесува значителна штета на голем број стопански субјекти.

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески очекува мерките да придонесат за намалување на цените за околу 10 отсто.

– Нашите очекувања се дека со овие две одлуки цените на основите прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, освен осумте основни прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко за кои се очекува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат или да има минимално намалување, рече на прес-конференција во вторникот заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Нагласи дека анализата на ДПИ покажа дека трговците на големо и трговците на мало пресметуваат бруто профитна маржа од 20 до 25 отсто за основните производи во трговијата на мало, а од 20 до 50 отсто во трговијата на големо. 

-Со оваа одлука се задолжуваат сите кои се учесници во трговијата на големо и во трговијата на мало, сите овие 102 групи на производи, најмалку 70 проценти да бидат присутни на рафт, рече министерот Ристески.

Со оценка за владините мерки излезе и опозициската СДСМ според која мерките се задоцнети. Според нивниот пратеник и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, требало да се оди со порадикални мерки и наместо 102 категории на производи да бидат опфатени 238 групи на производи што се со повластена даночна стапка од пет отсто. 

Пратеничката група на СДСМ, пак, до Собранието поднесе и измени на Законот за ДДВ со кои предлагаат намалување на данокот за електрична енергија од 18 на 5 отсто, како и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Со оваа мерка, како што посочија од СДСМ, значително ќе се намалат сегашните високи сметки за електрична енергија, а укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, ќе доведе до нивно намалување за пет проценти.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:маркетитеНамалениобележуваат производитеознаки
Претходен напис Студија: Од 2000 година, глечерите изгубија над 6,500 милијарди тони мраз
Следен напис Студенти и пензионери ќе може да работат БЕЗ ДА ГИ ИЗГУБАТ СТИПЕНДИИТЕ И ПЕНЗИИТЕ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?