Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД
Агровести

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД

Објавено 07/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на официјалната посета во Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари средба во Белата куќа со Jarrod Agen, Заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД.

-Средбата се одвиваше во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус на стратешките приоритети и конкретните насоки за унапредување на соработката, при што од двете страни беше оценета како особено продуктивна и корисна, велат од Министерството.

Jarrod Agen, додаваат, е висок функционер со значајна улога во креирањето и координацијата на енергетските политики на САД, со директен увид во стратешките приоритети и развојните процеси во секторот. Неговото искуство и познавање на глобалните енергетски текови претставуваат важна основа за развој на идни партнерства и проекти.

-На средбата беа разменети ставови за унапредување на двостраната соработка во енергетскиот сектор, со акцент на енергетската безбедност и стабилност на снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори, како и развој на стратешки инфраструктурни проекти од заеднички интерес, се вели во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Министерката Божиновска ја истакнала подготвеноста на Северна Македонија за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи, нагласувајќи дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочна стабилност и развој на енергетскиот сектор.

Извршниот директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД, Аген, пак истакнал дека меѓу двете земји постојат толку многу можности за соработка што можат да го променат енергетскиот пејзаж во регионот со децении.

Соговорниците се согласиле дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

Од Министерството велат дека оваа средба е дел од серијата билатерални средби на министерката Божиновска, која како дел од високата владина делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, каде се разговара за унапредување на соработката со САД во повеќе клучни области: енергетика, економија, безбедност и технологија. сст/вг/

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Белата куќаБожиновскаСАДСтратешка енергетска соработкаТрамп
Претходен напис Денеска се слави Свето Благовештение (Благовец)
Следен напис Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?