Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
Агровести

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран

Објавено 07/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата денеска пораснаа додека се наближува истекувањето на новиот рок од ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран, а пазарите се фокусирани на тековните нарушувања на глобалните енергетски резерви, јави ДПА.

Суровата нафта Брент за испорака во јуни утрово се искачи за 1,2 отсто на 111,11 долари за барел во раната трговија, враќајќи се кон врвот во март од нешто над 112 долари. Американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) за истиот месец на испорака забележа слични зголемувања.

Од почетокот на конфликтот во Иран, цените на нафтата Брент се зголемија за повеќе од 50 отсто, што укажува на растечка загриженост за инфлација и економскиот раст. 

Договорите за следниот месец покажаа уште поостри зголемувања, при што WTI за испорака во мај се тргуваше за околу 115 долари за барел, приближно 70 отсто повисоко отколку пред почетокот на конфликтот пред повеќе од пет недели.

Со оглед на тоа што Ормуската Теснина е во голема мера непроодна за повеќето бродови, краткорочните договори се тргуваат со значителна премија во однос на подоцнежните, што одразува акутни проблеми со снабдувањето. 

Трамп го постави повторното отворање на стратешкиот воден пат како централно барање во конфликтот, поставувајќи му на Техеран рок што истекува вечерва. Нема знаци за пробив во преговорите како што се наближува рокот за договор.

Американскиот претседател предупреди за „целосно уништување“ на иранските електрани и мостови доколку поморскиот премин не биде повторно отворен. 

Портпаролот на иранската војска ја отфрли заканата.

Ормуската Теснина е еден од најкритичните светски транспортни правци за нафта и течен природен гас, потсетува ДПА.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:ИраннафтатарастеТрампултиматумцената
Претходен напис Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД
Следен напис На 18.04.2026 година, во 10:00 часот ќе се одржи ловечки испит во просториите на Министерството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?