Компаниите „Bayer Group“ од Германија, „Syngenta Agrochemical Corporation“ од Швајцарија и „Nuseed Seed Company“ од САД ја прекинаа испораката на семе од сончоглед во Русија, пишува Izvestij. Сите трои компании ги суспендирале договорите со одредени руски клиенти и ги прилагодиле цените, наведувајќи ги како причина ограничувањата за увоз на семиња кои ги вовела Русија.
Пред оваа одлука, “Rosselkhoznadzor”, руската служба за надгледување на безбедноста во земјоделството, најави запирање на испораките на семиња на „Syngentа“ од 1 февруари. Тие тврдеа дека постои можност за ширење на сива пегавост, габична болест која ги погаѓа овие посеви. Во ноември 2022 година, од истата причина, беше забранет увозот на семето на таа компанија од Шпанија и Франција.
Од „Syngentа“ веднаш возвратија со одлука според која компанијата ги паузира испораките, престанува да издава важечки фактури како и да издава нови и да ги обработува сите нарачки што ќе дојдат до нив.
Министерството за земјоделство на Руската Федерација соопшти дека без оглед на промените на пазарот, не гледаат никаков ризик за сеидбената сезона во 2023 година, дури и ако западните добавувачи на семе одлучат целосно да се повлечат од нивната земја. Тврдат дека не го попречуваат увозот на семиња доколку производите ги исполнуваат сите безбедносни стандарди.
Претседателот на Руската унија на извозници на житарки, Едуард Зернин, рече дека одлуката за прекин на увозот е поврзана само со пратка на еден производител, но тоа довело до претерани и несоодветни реакции од други компании. Тој вели дека за ова се зборувало долго време, па земјоделците имале време да се подготват.
