Денис Јуричиќ создаде вистинска „Шумска бајка“ во малото место Лич во Приморско – горанската област во Хрватска. Овде посетителите можат сами да си ископаат артичоки и да ги платат по навистина ниска цена. Имено, ова земјоделско стопанство постои од 2015 година, кога семејството Јуричиќ имаше засеано голем насад на артичоки кои ги продаваат од куќниот праг, а достапни се и на гостите во нивниот тематски парк/летувалиште наречено токму – „Шумска бајка“.
– „За многу луѓе од градот тоа знае да биде вистинско доживување. Инаку, еднаш засеаната артичока трајно се одржува и сама се регенерира. Се одржува и до 8 години без никакви дополнителни работи освен бербата. Одлично поднесува разни климатски услови. Младите растенија со лисја високи се 30 сантиметри, луѓето ги користат во исхраната како зелен зеленчук, а ги јадат и домашните животни со задоволство“- зборуваат членовите на семејството Јуриќ.
Сопственик на земјоделското стопанството е таткото на Денис, но сите членови на семејството работат вредно – сопругата Рената и двете полнолетни ќерки. Помагаат дури и соседите и пријателите, а работните акции се покажале како полн погодок.
Зимската градина е совршена за сите временски услови
Моментално на имотот имаат една робинзонска куќичка за 4 лица (која сеуште не е подготвена за изнајмување) и зимска градина која е совршена за организирање на разни прослави: родендени, момински вечери, крштевки и останато.

– „Зимската градина во летениот период може да се отвори целосно па луѓето можат да се забавуваат и другаруваат на терасата. Во случај на лошо време, се затвора стаклената врата, се пали оган и може да се ужива во неговото пријатната топлина разгледувајќи го зеленилото од околината. Може е да се подоготови нешто за јадење на скара, но постои и можност за кетеринг“, истакнуваат Јуричиќ.
Може да се преспие во поткровјето каде планираат да стават душеци па ќе може да се смести и поголемо друштво. Целиот простор е погоден за деца, но и за постари луѓе. Имено, поставени се поголем број на скари кои се даваат под наем со комплетната опрема. Работното време е од 10 до 18 часот, но ако се случи „голема забава“ на гостите им се дозволува да останат подолго.

– „Во долниот дел на зимската градина можат да се организираат разни активности како на примет работилници за деца или креативни работилници за сите возрасти. Во природата која не опкружува може да се најде се она што е потребно за изразување на креативните способности. Имаме дури и боенка „Шумска бајка“. Освен за децата од предучилишна и училишна возраст, ова место е одлично и за планинарите иако тие сеуште не не откриле. Имено, во близина се врвовите Вишевац и Биторај, а и Рисњак не е далеку“, раскажуваат домаќините.
Оваа година сеуште немаат гости со оглед на специфичната ситуација со пандемијата. Минатата година „Шумската бајка“ најчесто ја посетувале гости од Истра, Риека и Загреб.
Дивите свињи Мишко и Мала претствуваат најголема радост за најмладите
Гостите во „Шумска бајка“ се дочекуваат со пијалок, колачи и дрвца за желби. Има просторот за мал фудбал и одбојка, крлешки, тобогани, трамболини… Амфитатарот е простор кој сеуште не заживеал. Изграден е 2019 година со средства од Минситерството за туризам и замислен е да се користи за разни детски приредби. На сите им е поубаво , значајните денови да ги одбележуваат во природа отколку во затворен простор.

Наоколу се поставени скулптури на разни животни (волк, мечка, був, орел и друго). Од едукативните плочи може да се дознаат многу информации за различни животни, а интересен детал е оној за мравките – дали знаевте дека тие мали извонредни суштества живеат дури до 15 години?

– „Она на што децата најмногу се радуваат се Мишко и Мала, диви свињи кои се сместени во простор заедно со елените лопатари. Сите животни се многу питоми и скаат кога ќе им дојдат посетители“, вели ова вредно семејство. Јуричиќ имаат во сопственост уште и куќа за одмор која е категоризирана со три звездички и во неа можат да се сместат десет лица.
За развој на бизнисот ги искористиле мерките за Рурален развој
Ова семејство аплицирало на првиот јавен повик од Програмата за рурален развој, и тоа за мерката 6.3.1. „Поддршка за развој на мали земјоделски стопанства“ на кој добиле позитивен одговор. Проектот го изработила приватна компанија и целата постапка минала без проблеми. Со помош на добиените средства купиле трактор и друга механизација која им била неоходна бидејќи одржуваат терен со површина од 4 хектари.

– „Без тракторот не би постоела ни нашата Шумска бајка. Се работи за многу голем терен среде шума. Ни трeбаа години за да го расчистиме бидејќи се беше целосно обраснато и уништено од ледениот дожд во 2014 година. Вложивме многу време и труд, додека го средивме целиот простор, да изгледа привлечно на посетителите од сите генерации“, велат Денис и Рената Јуричиќ.
Исто така во 2019 година аплицирале и добиле парични средстава од под мерката 6.2. „Поддршка за вложување во придвижување на земјоделски дејности во руралните подрачја“. Проектот опфаќа изградба на 5 куќички на дрво но сеуште не почнале да го реализираат. Причини за тоа има повеќе.

– „Секако дека оваа пандемија ни оневозможи да продолжиме со активностите и сега сами се прашуваме што и како понатаму. Но, дојде и до измена на урбанистичкиот план па сега имаме можнсот да изградиме поголеми куќички. Моментално сме во постапка за проверка на сите релевантни информации, а после ќе видиме што ќе направиме“, вели Рената. „Средствата кои се добиваат од руралниот развој се повеќе од добредојдени , но без дополнително задолжување сепак не оди“, признава таа.
– „И двете мерки се извонредни. Без механизацијата не би можеле да го одржуваме теренот, а без останатата поддршки не би можеле да ја развиваме нашата туристичка приказна. Кога ќе се изградат куќичките, тоа ќе ја подигне приказната на едно сосема поинакво ниво“, гордо раскажува Рената Јуричиќ.
Извор: Агроклуб