Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стопанската комора со мерки за поддршка на извозно ориентираните компании и за задржување на младите кадри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стопанската комора со мерки за поддршка на извозно ориентираните компании и за задржување на младите кадри
Агровести

Стопанската комора со мерки за поддршка на извозно ориентираните компании и за задржување на младите кадри

Објавено 14/04/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Концентрирани активности за директна поддршка за компаниите во наредниот период да можат да бидат конкурентни на пазарот и обид за задржување на домашниот кадар како додадена вредност на домашната економија, се двата клучни проекти на Стопанската комора ќе им ги понуди на Владата и сите надлежни институции што учествуваат во градењето на економските политики, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, по средбата со стопанственици од Охрид.

Појаснувајќи ги новите мерки на Комората, Азески се осврна на актуелните економско-политички случувања во светски рамки се манифестираат со несигурност на пазарите што, како што рече, се смртна рана за бизнисот особено за малите економии како македонската.

– Ако Европа е во тешка ситуација, економиите во регионот, па дури и нашиот најголем економски партнер Германија е во тешка ситуација, можеме да заклучиме дека мора да ги за запалиме црвените светла и да бидеме предозстрожни што можеме да очекуваме во наредниот период…Тоа се уште нема негативни ефекти во бројки, но очекувањата се дека тоа ќе следува како не се превенира во таа насока, рече тој.

Азески истакна дека со едниот проект ќе се работи на Платформа за враќање и спречување на одливот на мозоци од земјата.

– Тоа е алфа и омега на опстанокот на една економија, доколку се земе предвид оти луѓето се двигателите на економиите, објектите и опремата е ништо без нив…Да се поттикне економската активности во земјата за задржување на младите кадри, и тоа со неколку мерки. Не е доволно само да се зборува, туку да се спроведат сериозни реконструкции во образовниот систем што веќе ги правиме, акција за возобновување на институтите кои треба да се дигнат на повисоко функционално ниво, и секако пари – со кои ќе интервенира државата да се задржат тие луѓе соодветно на она што би можеле да го остварат надвор, изјави Азески.

Стопанската комора тука ќе учествува како партнер, со појаснување дека веќе се работи на изготвување база на податоци за младите амбициозни луѓе, кадри докажани во дијаспората.

– На тоа гледаме како голем поттик да се задржи економската активност и во вакви тешки времиња, за да може да биде подготвена, преку задржување на тие кадри кои имаат евидентен напредок во своето дејствување, рече тој.

За втората најавена активност на Комората односно за интервенирање во делот на поддршка на извозно ориентираните домашните компании, Азески рече дека за оваа година приоритет ќе имаат пет точки и тоа – програма за извозна промоција, мерки за меѓународно афирмирање и градење меѓународни брендови, за исполнување меѓународни стандарди, за изработка на дигитална платформа за извоз и мерка за зајакнување кадровскиоте капацитети на извозно ориентираните компании.

– Поучени од претходните искуства, одиме на концентрирани активности кои ќе значат директна поддршка за компаниите во наредниот период за да можат на тој начин да ги задржат своите позиции и да можат да се борат со конкуренцијата на меѓународните пазари, како и се направи обид да задржи дел од младиот кадар, оној кој може да направи нешто за додадената вредност во националната економија…Сумирано, тоа значи радикално менување во пристапот кон компаниите во овие мигови кога им е потребна секаква поддршка, рече тој.

Азески истакна дека останатите активности на Комората течат според предвидениот план, односно дека како приоритети остануваат справувањето со корупцијата и сивата економија, поттикнување на гасификацијата и со тоа намалување на трошоците на производството, како и прашањето за поддршка и промоција на активностите на регионален план. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:компаниимладите кадриподдршкаСтопанската комора
Претходен напис Венко Крстевски е избран за в.д градоначалник на Кочани
Следен напис Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?