Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри 
Агровести

Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри 

Објавено 14/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Утврдувањето на износот на минималната плата насекаде е условен од одредени економски критериуми. Минималната плата треба да се утврдува во рамки на социјалниот дијалог, но договорот да се заснова врз бруто домашниот производ односно да ги има предвид економските параметри. 

Како што посочи претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, Комората не е против покачување на минималната плата, но таа треба да биде формирана врз основа на докажувачки параметри.

– Лично јас секогаш сум бил минималната плата според критериумите  да биде утврдена на највисоко ниво. Секогаш сум бил на страната на потрошувачката, мислам дека тоа е основа, да се создава, а не да се штеди. Да се создава и да може да се покриват трошоците. Штедењето е домаќинска работа и му одговара на нашиот народ, но јас како бизнисмен сакам да создавам што повеќе и да ги покривам трошоците. Ја поддржувам таа иницијатива, немам никаков проблем ако тоа го покажат пресметките, рече Азески одговарајќи на прашања на медиумите по денешната средба со бизнисмените од Охрид.

Што се однесува на одлуката на американската администрација за воведување тарифи за македонските производи, Азески истакна дека САД се стратешки партнер на Македонија, тука државата нема многу можности за алтернативи.

– Тоа се уште не е завршено, секојдневно слушаме за некакви промени. Веројатно американската администрација прави атмосфера за разговор на таа тема, секој ќе си го каже своето мислење. Ние ќе се бориме за правата на економијата, за царините, но почитувањето кон САД треба да остане како кон изразито стратешки партнер и тоа да се решава преку разговор што е единствен услов за напредок…Формулата за решавање на се е разговор и трпеливост. Бизнисот бара брзина, политиката наметнува трпеливост. Оттаму заклучокот, економијата на екомистите, политиката на политичарите. Почитување на стратешкото партнерство со САД, подобрување на односите со Германија како најголем трговски партнер. Македонија не смее да ги запостави евроатлантските интеграции, ниту регионалната соработка. Ние сме премногу мали за какви било авантури, треба на сите позиции и места да бидеме позитивно поставени да учествуваме во сите преговори и разговори, рече Азески.

Азески во оваа прилика посочи на голем интерес на домашните компании за инвестициски активности, конкретно за искористување на средствата од унгарскиот кредит, што е поразлично од почетните анкети спроведени од Комората кога испитувањата покажуваа интерес идентичен на износот понуден со кредитот.

– Сегашната состојба е дека има двојно поголема побарувачка од средствата што се на располагање. Силен мотицивациски фактор за инвестициски ориентираните компании беше должината на враќањето на кредитите. Мислам дека во наредниот период треба да се поттикнат и банките во своите услуги да понудат кредини линии со можност за отпата на подолг период…рече Азески.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:азескиДоговоротекономските параметриминималната плата
Претходен напис Стопанската комора со мерки за поддршка на извозно ориентираните компании и за задржување на младите кадри
Следен напис Демир Капија ги повика земјоделците да пријават штети од ниски утрински пролетни температури 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?