Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стопанска комора: Штетни се изјавите на некои пратеници за дозволениот увоз на тутун, таква сорта кај нас не се произведува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стопанска комора: Штетни се изјавите на некои пратеници за дозволениот увоз на тутун, таква сорта кај нас не се произведува
Агровести

Стопанска комора: Штетни се изјавите на некои пратеници за дозволениот увоз на тутун, таква сорта кај нас не се произведува

Последна измена: 09/01/2022 16:16
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Здружението на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Северна Македонија ги смета за штетни изјавите во јавноста според кои увозот на тутун го загрозува откупот на домашното производство.

Комората потсетува дека откупните компании во земјава пред почетокот на секоја сезона склучуваат договори со производителите на тутун и согласно Закон се обврзани да го откупат договореното количество суров тутун во лист.

-Досега, не само што немало случај договорените количества да останат неоткупени, туку напротив, откупните компании ги откупувале и вишоците тутун за кои немало договори, а кои производителите не ги пријавиле и не склучиле договор со откупувачите. Според тоа, невозможно е да остане домашниот тутун неоткупен за сметка на увезениот кој не е од истите сорти и типови што се произведуваат во земјата. Увезениот тутун, кој служи за доработка на домашниот, се преработува во домашните откупни компании за потоа целосно да се извезе на странски компании – производители на цигари и други тутунски производи. Компаниите вршат увоз за доработка и повторен извоз, при што се остварува девизен прилив во Република Северна Македонија, објаснува Комората.

Според Стопанската комора, откупните претпријатијашто вршат откуп на тутун во земјава имаат законско право да увезат необработен тутун за да ги дополнат своите капацитети за доработка.

-Согласно новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи точно е дефинирано кој има право да врши увоз. Тоа можат да го прават единствено лиценцирани компании. Притоа, мора да се потенцира дека овој тип на увезен тутун не се произведува кај нас и не влијае воопшто врз откупот на тутун во нашата држава. Домашните производители на цигари имаат потреба од типови тутун кои не се произведуваат кај нас, а се потребни за производство на цигарите. Денес, современата бленд цигара содржи најмалку осум типови тутун во мешавината. Не постои ниту една земја во светот или компанија која се стреми да ги произведе сите видови тутун потребни за производството на цигарите. Во земјите кои истовремено се производители на тутун и цигари, производството на тутун е ориентирано кон оние типови на тутун кои најуспешно и најпрофитабилно можат да бидат произведени во дадените околности, наведува Комората.

Воедно нагласува и дека годинашниот откуп на суров тутун во лист од реколтата 2020 засега се одвива без никакви проблеми. Откупени се, како што информира Комората, скоро половина од договорените количини по просечна цена од речиси 200 денари за килограм.

Може да ви се допадне

Дезинсекција против комарци во Куманово
Во Кина измерени рекордни над 40 степени
(ВИДЕО) Климатските промени се закана на новото време: ЗК ПЕЛАГОНИЈА со стручност одговара на овие промени да произведе повеќе храна
Состојба на патиштата
ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција
Таг:вмрод пмнекилограмлистоткупстопанска коморасуровтутунцигари
Претходен напис Африканската свинска чума не може да се пренесе на луѓето
Следен напис Вечерва силен земјотрес ја стресе Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?