Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стоилев: Голем интересот за ИПАРД 3, годинава се очекува реализација на 8 000 000 евра, а догодина на 20 милиони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стоилев: Голем интересот за ИПАРД 3, годинава се очекува реализација на 8 000 000 евра, а догодина на 20 милиони
Агровести

Стоилев: Голем интересот за ИПАРД 3, годинава се очекува реализација на 8 000 000 евра, а догодина на 20 милиони

Објавено 30/07/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пријавуваат едно во бизнис планот, но кога доаѓаат кај нас, констатираме нешто сосема друго – плус објект или дејност што нема никаква врска со онаа за која аплицираат. Таквите документи ги дисквалификуваме и тука нема компромис. Објаснуваме дека не смее да се отстапува од критериумите пропишани со огласот, даваме совети, консултации. Мора да се научиме како да работиме, да се држиме до строго утврдените правила и да ги почитуваме, порачува Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) која има клучна улога во распредлбата на државната поддршка и средствата од ИПАРД.

Во интервју за МИА, Стоилев нагласува дека Агенцијата спроведува редовни контроли на исплатените субвенции. Тоа, вели, ги намалило неусогласеностите и обидите за стекнување поддршка со измама или лажно декларирање. Надградувањето на Секторот за теренска контрола ќе продолжи за да се заштити Буџетот и наменски да се користат финансиските средства.

Според Стоилев, годинава Буџетот на Програмата за земјоделство е 7,2 милјарди денари, а од ИПАРД 3 се очекуваат уште околу 8 000 000 евра. Интересот за ИПАРД е голем и до крајот на 2026-та договорите ќе достигнат 20 милиони евра.

Тој ги потенцира и новините – за мерките за растително производство по обработлива земјоделска површина прв пат оваа година се воведува т.н. геопросторно барање за да се елиминираат разликите од декларираните површини до констататираните при извршените контроли, напуштен е веќе стариот начин на алфа-нумеричко поднесување барања. Кај ИПАРД 3, пак, прв пат е воведена можноста за авансно плаќање до 50 отсто од вредноста на инвестицијата до обезбедена банкарска гаранција од 110 проценти.

-Во пресрет на жетвата, кога откупната цена на житата е најниска, ќе извршиме исплата за одгледувачите на говеда и овци со цел тие навреме и по најповолна цена да обезбедат храна за добитокот. Земјоделците ги добија субвенциите за говеда во износ од околу 340 милиони денари, за заклано јагне во кланица како и за дополнитени директни плаќања за производителите на поледелски култури кои оствариле повисоки приноси во износ од околу 266 милиони денари.Сега се исплатени производителите на јаболка и подготвени се исплатите за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети и за произведено ио предадено млеко за прв квартал за 2025 година.ефикасноста во исплатите во нмаредниот период очекуваме да се подовбри затоа што менаџирањето со самите исплати значително е подобрено и немаме заостанати исплати,затоа бараме разбирање и трпение од страна на земјоделцвите, нагласува директорот.

Стоилев е дециден дека нашиот земјоделец може да одговори на барањата на домашниот потрошувач.

-Македонскиот аграр треба да биде сериозно и навремено поддржан финансиски за производството да биде континуирано, а производите следливи со квантитет и квалитет за да ги задовили потребите од храна за домашното население, смета првиот човек на Платежната агенција.

Информира и дека е во тек ИПАРД 3 програмата за која досега се објавени четири јавни повици, а до крајот на годината треба да бидат објавени уште два.

-Имаме голем интерес за користење на средствата, но и повеќе предизвици кои ни ги остави претходниот менаџмент во АФПЗРР. Иако преземал обврски пред авторитетите од ЕУ да акредитира три нови мерки од ИПАРД 3 Програмата, до моето стапување на должноста директор на АФПЗРР немаше никаква активност во таа насока. Но, ние не чекавме, не баравме изговори и преземавме конкретни чекори. Изготвивме процедури за новата мерка – јавна рурална инфраструктура и во напредна фаза се процедурите за мерките ЛИДЕР и Агроеколошки мерки. Значително е подобрена динамиката и ефикасноста на исплатата на средствата. Сега јас лично, како директор, ги потпишувам решенијата и договорите во присуство на апликантите. Разговарам со нив за начините како да ги подобриме условите за пристап до финасиските средста преку намалување на времетраењето на процесот од аплицирање до исплата, објаснува Стоилев.

Интервјуто со директорот на Платежната агенција Стоилев ќе биде објавено утре. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:8 000 000 евраинтересотИПАРД 3реализацијастоилев
Претходен напис Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Следен напис Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?