Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
Агровести

Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите

Објавено 30/07/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, а на неа се очекува да се разговара за минималната плата, порастот на цените на основните прехранбени производи и за потрошувачката кошница. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија вчера најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и за зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција посочи дека синдикалната минимална кошничка што ја пресметува ССМ лани е зголемена за 6 500 денари, а оваа година делот за храна и пијалаци од завршувањето на последната мерка пораснал за 2 000 денари или за 150 евра се зголемени трошоците за живот за едно четиричлено домаќинство.

Според Трендафилов, не држат веќе изговорите на Владата дека работниците и работодавачите треба да седнат и да се договорат за зголемување на минималната плата.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека просечната плата треба да биде уште поголема, но дека самиот факт што бруто и нето платата пораснале за повеќе од 11 проценти е доволен доказ против обвинувањата дека платите стагнирале. 

– Сакам да кажам дека просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока ние како Влада продолжуваме да работиме, но, самиот факт што и бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти, е демант за сите оние, би рекол некрофили во рамки на опозицијата, кои во изминатиот период континуирано конструираа и лиферуваа лаги во јавноста дека платите не растеле, дека платите стагнирале итн. Овие податоци што сега стигаат се доволен доказ дека тие што освен тоа што не говорат вистина, туку шпекулираат, конструираат и креираат невистини и ништо не можат да сработат. Токму затоа таква е состојбата во опозицијата и токму затоа народот ја изгуби довербата во нив, рече Мицкоски.

Во понеделникот во изјава за медиумите Мицкоски рече дека во завршна фаза е и анализата за базичната инфлација и дека наскоро ќе има мерки против зголемувањето на цените на основните прехранбени производи. Тој, како што изјави, очекува на седницата на ЕСС да ги слушне мислењата и на работниците и на работодавачите. 

– Во моментот кога ќе заврши анализата, се разбира дека ќе има мерки. Мислам дека веќе во завршна фаза е анализата за да излеземе со конкретни мерки и имаме индикатори зошто тоа се случува така што очекувам дека многу скоро ќе излеземе, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на затворениот базен во склоп на училиштето „Невена Гоергиева – Дуња“ во Кисела Вода.

Мицкоски притоа посочи дека инфлацијата во јуни била околу пет проценти и во голем дел од европските држави. Во земјава, Државниот завод за статистика пресмета дека во јуни инфлацијата бележи зголемување од 4,5 проценти на годишна основа, а цените на мало зголемување од 3,7 проценти. 

Прашањето за релеватноста на потрошувачката кошница трае веќе извесен период. 

Од ССМ остануваат на ставот дека синдикалната кошничка која се однесува на минималните трошоци на едно четирчлено семејство е единствената релеватна статистичка операција што покажува како се живее во земјава. 

На вчерашната прес-конференција, претседателот на ССМ и порача на Владата да креира владина кошничка, ако и смета синдикалната минимална кошница, но и да го отвори „владиното бифе како работничка менза“. 

Од Владата, пак, најавуваат пет потрошувачки кошнички (за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четиричлено семејство, за самец и за пензионери) затоа што како што велат различни категории на граѓани имаат различни потреби. 

– Интензивно работиме со професори и со министерот за економија, Бесар Дурмиши, на оваа тема. Како што сум информиран процесот на утврдување на репрезентативност на синдикатите е завршен и наскоро ќе се одржи седница на Економско социјален совет на која ќе се разговара и за потрошувачката кошница. Сметам дека тука треба да има 5 сегменти, односно да има потрошувачка кошница за самец, за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четричлено семејство и за пензионери. Потребите на еден пар пензионери се различни од потребите на еден млад брачен пар, изјави премиерот Мицкоски на 21 јули годинава.

МИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:Економско-социјалниот советинфлацијатаплатитеседница
Претходен напис Стоилев: Голем интересот за ИПАРД 3, годинава се очекува реализација на 8 000 000 евра, а догодина на 20 милиони
Следен напис Зголемена фреквенција на возила на патиштата, нема подолги задржувања на граничните премини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?