Индустријата на свињи во Холандија, една од најуспешните земји во ова производство, се намалува за 6,7%, односно за 278 фарми за свињи. Ова е последица на построгата законодавствена политика во областа на заштитата на животната средина.
Според порталот Pigprogres, се работи за обид на холандските власти да ја намалат вкупната емисија на мирис и азот во почвата. Првично, тоа бил обид да се намали непријатниот мирис во близина на селата и градовите, а последниве години се прават напори да се намалат вкупните емисии на азот во почвата.
Сточарите добиле поттик од државата да го затворат или намалат производството со цел да ја заштитат животната средина. За доброволната програма на располагање биле 450 милиони.
Сите 278 свињари веќе ја добиле првата исплата од 10% од оваа субвенција. 163 од нив веќе ја добија втората исплата од 70%, што значи дека до средината на јуни се урнати 21 фарми.
Првично, 502 фарми изразиле интерес за оваа програма, но многу од нив се откажале, па и фондот од кој се распределуваат стимулациите за затворање на производството на свињи бил намален.
Извор: agrosmart.net
