Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Статистика за 2025 година: Швајцарија и Црна Гора со најмногу врнежи од дожд на европскиот континент
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Статистика за 2025 година: Швајцарија и Црна Гора со најмногу врнежи од дожд на европскиот континент
Агровести

Статистика за 2025 година: Швајцарија и Црна Гора со најмногу врнежи од дожд на европскиот континент

Објавено 15/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Црна Гора се наоѓа во самиот врв на листата на најврнежливи земји во Европа, покажуваат податоците за 2025 година. Според анализите, во оваа земја паднале просечни 1.525 милиметри дожд, што се должи на специфичната географска положба покрај Јадранот и планините кои ја задржуваат влагата од воздухот.

Влажниот морски воздух во допир со масивот Орјен над Бока Которска предизвикува обилни врнежи, поради што одредени подрачја бележат и до пет илјади милиметри дожд годишно. Овие екстремни вредности значително го подигнуваат државниот просек, а местото Црквице во заднината на Бока важи за најврнежлива точка во Европа.

На глобално ниво, најмногу врнежи минатата година се забележани во тропските земји, предводени од Папуа Нова Гвинеја и Соломонските Острови со над 4.000 милиметри, по што следуваат Филипините, Индонезија и Панама. Најсушни држави во светот се Египет и Либија во Северна Африка.

Во европски рамки, најврнежлива земја е Швајцарија со 1.537 милиметри во 2025 година. По Црна Гора, на листата следуваат Исланд (1.409 мм), Норвешка (1.296 мм) и Албанија (1.289 мм). Најмалку врнежи во Европа имало на Кипар, во Молдавија и во Украина.

Статистички преглед за 2025 година:

Најмалку врнежи во светот: Египет (6 мм), Либија (17 мм), Обединети Арапски Емирати (19 мм), Оман (27 мм) и Бахреин (43 мм).

Најмногу врнежи во светот: Папуа Нова Гвинеја (4.152 мм), Соломонски Острови (4.109 мм), Филипини (3.683 мм), Индонезија (3.662 мм) и Панама (3.522 мм).

Најмалку врнежи во Европа: Кипар (288 мм), Молдавија (459 мм), Украина (538 мм), Турција (546 мм) и Унгарија (553 мм).

Најмногу врнежи во Европа: Швајцарија (1.537 мм), Црна Гора (1.525 мм), Исланд (1.409 мм), Норвешка (1.296 мм) и Албанија (1.289 мм). 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:2025 годинадождЦрна Гора
Претходен напис Иновации во земјоделството: „Адили Фарм“ започна со берба на ексклузивната печурка Морел
Следен напис Првите романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?