Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првите романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Првите романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм
Агровести

Првите романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм

Објавено 15/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еден месец пред почетокот на сезоната, романските производители на домати ја пуштија во продажба првата продукција, при што цените достигнуваат рекордни нивоа. На еден од познатите пазари во Букурешт – на плоштадот „Домении“ во Сектор 1 – килограм домати се продава за околу 100 леи, односно приближно 20 евра, покажува проверка на БТА.

„Поевтино е да се донесат егзотични овошја од Малезија отколку да се купуваат зеленчуци од дворовите на романските земјоделци, субвенционирани од државата. Цените тројно се зголемуваат додека стасаат од стаклениците до тезгите“, наведува весникот Гандул, додавајќи дека во околината на Букурешт нема многу оранжерии за домати.

Како главни причини за високите цени, експертите ги посочуваат невообичаено студеното време оваа пролет, повисоките трошоци за греење, поскапувањето на горивата и високата инфлација.

„Оваа година има највисоки трошоци во последните години. Цената на романските екстра рани домати, кои сега се берат од оранжериите, може да се покаже меѓу највисоките во Европа, главно поради растот на цените на горивата, трудот и семињата. Трошокот за гориво е двојно поголем во споредба со последните три-четири зими“, изјави за Аџепрес претседателот на Сојузот на земјоделски производители во Олт, Јон Паунел.

Споредбата на цените во големите супермаркети покажува дека романските домати се три до четири пати поскапи од увозните. Килограм домати од Турција чини околу 17 леи (3,34 евра), додека шпанските чери домати се продаваат за околу 18 леи (3,54 евра).

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:20 евракилограмрекордни цениромански домати
Претходен напис Статистика за 2025 година: Швајцарија и Црна Гора со најмногу врнежи од дожд на европскиот континент
Следен напис (ВИДЕО) Хаос околу цените на горивата: Земјоделците го блокираат снабдувањето, полицијата во Ирска го прекина протестот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?