Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стартува новата ИПАРД 3 програма – распишан првиот јавен оглас за мерките 1 и 7
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стартува новата ИПАРД 3 програма – распишан првиот јавен оглас за мерките 1 и 7
Агровести

Стартува новата ИПАРД 3 програма – распишан првиот јавен оглас за мерките 1 и 7

Објавено 03/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 1 септември 2023 година започнува спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот јавен повик за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма.

Првиот јавен повик ги се однесува на мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Вкупната вредност за инвестиции која на располагање се става со приот јавен повик за двете мерки изнесува 30 милиони евра.

Кај мерката 1 како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во ЕРСЗ системот на МЗШВ, кои може да бидат физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), правно лице (микро, мали и средни претпријатија) и индивидуални земјоделци. Потоа корисници можата да бидат задруги или здружени правни лица.

Поддршката од мерката 1 ги опфаќа следните сектори, кај растителното производство житните, индустриски и фуражни  култури, градинарски култури, повеќегодишни култури, лозарство. Потоа кај сточарското производство говедарството, свињарството, овчарството, козарството и живинарство. Други сектори опфатени со мерка 1 се производството на риба, преработката и маркетинг на сопственото земјоделско производство и Инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби, односно инвестиции во поставување на био гас и био гориво, соларна, ветерна и гео-термална енергија.

Минималната вредност на прифатлива по инвестиција кај мерката 1 изнесува 20.000 евра. Максималната финансиска поддршка на еден корисник за еден проект изнесува750.000 евра. Финансиската поддршка – кофинансирање кај оваа мерка е 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Кај мерката 7 како корисници се јавуваат физички лица, правни лица, задруги и здружени правни лица за колективни инвестиции.

Како приоритетни сектори кај мерката 7 се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Минимална вредност на прифатливи трошоци на предложен проект изнесуваат од 10.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник по поединечен проект изнесува 600.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник за цел период (2021-2027) изнесува 1.500.000 евра. Стапка на финансиска поддршка кај мерката 7 изнесува до 60% од вкупните прифатливи трошоци. Стапка нa финансиска поддршка се зголемува на 70% за апликанти кои се млади фармери и колективни инвестиции. Финансиска поддршка се зголемува за дополнителни 10% само за оние инвистиции во обновлива енергија, управување со отпад и циркуларна економија.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:ИПАРД 3јавен огласСтартува
Претходен напис Битиќи ќе поднесе преставка до КЗК за да се провери дали трговците здружено ги зголемувааат на цените на производите
Следен напис Шумски пожари во атарот на селата Пиперово и Гумалево и општините Штип и Зелениково
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?