Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи ќе поднесе преставка до КЗК за да се провери дали трговците здружено ги зголемувааат на цените на производите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи ќе поднесе преставка до КЗК за да се провери дали трговците здружено ги зголемувааат на цените на производите
Агровести

Битиќи ќе поднесе преставка до КЗК за да се провери дали трговците здружено ги зголемувааат на цените на производите

Објавено 03/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека во вторник во Комисијата за заштита од конкуренција лично ќе достави претставка за да се провери дали трговците здружено ги зголемуваат цените на основните прехранбени производи. 

– Во вторник во 10 часот ќе одам во Комисијата за заштита од конкуренција да доставам преставка за да почнат да постапуваат во млечната индустрија и во други индустрии, рече Битиќи денеска одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на ИПАРД 3 програмата во Скопје. 

Претходно, од Комисијата за заштита на конкуренцијата изјаснија дека тие не можат самоиницијативно да ги проверуваат трговците дали здружено ги договараат цените и дека за да постапат потребно е да биде поднесена преставка. 

Во вторник на седница на Влада, како што најави Битиќи, ќе биде донесена и мерка во делот на млечната индустрија поради недостигот на млеко со што производителите ќе може соодветно да интервенираат.

– Ние не може да им ги намалиме цените за тие да работат со загуба. Тоа никој не го очекува, но исто така не можеме да дозволиме на грбот на производителите и на грбот на граѓаните, најголемиот профит да го прават оние кои ги продаваат продуктите, рече Битиќи. 

Во однос на зголемените цени на овошјето и зеленчукот, Битиќи посочи дека земјава е се уште увозно зависна, но дека домашното производство на храна е зголемено во однос на 2016 година.  

– Кога имате земја која е увозно зависна за основните прехранбени производи не може да очекувате дека за пет години ќе ја направите извозно ориентирана за да обезбеди доволни количини за домашниот пазар и плус да извезе. Денеска се произведува за 70 проценти повеќе од 2016 година, но не е доволно за да обезбеди целосно домашно производство за домашниот пазар, рече Битиќи. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БитиќиКЗКпреставкапроизводитетрговцитецените
Претходен напис Стартува новата ИПАРД 3 програма наменета за модернизација на земјоделството во вредност од 97 милиони евра
Следен напис Стартува новата ИПАРД 3 програма – распишан првиот јавен оглас за мерките 1 и 7
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?