Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стагнира нивото на река Треска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Стагнира нивото на река Треска
Шумарство и водостопанство

Стагнира нивото на река Треска

Објавено 03/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И покрај врнежите од дожд и снег кои ја зафатија нашата земја и кичевско-бродскиот регион последната седмица, сепак тоа не придонесе водотеците да го зголемат нивото, тоа најмногу се однесува на главниот колектор од овој регион, река Треска.

Потврда за стагнацијата на река Треска е нивото измерено денес од 46 сантиметри, која во овој период редовно имала повисок водостој.

-Снегот и дождот кои го зафатија нашиот регион оваа седмица, не придонесоа водотеците да пораснат. Така на река Треска денес е измерен водостој од 46 сантиметри, што е под нивото од повеќегодишниот просек. Се чини дека снежните врнежи беа недоволни да ја подобрат хидролошката состојба, а и студеното време кое владее во нашиот регион не придонесува да се стопи снегот а со тоа и нивото на река Треска да порасне од сегашните 46 сантиметри, вели Миле Стојкоски од РЦУК Македонски Брод.

Тој очекува да се остварат најавите на метеоролозите во долгорочната прогноза, кога се најавуваат пообилни врнежи од дожд.

-Иако моменталната состојба со водостојот на река Треска не е многу поволен, сепак од долгорочните прогнози на метеоролозите кои во наредните месец-два предвидуваат поинтензивни врнежи од дожд, тоа секако ќе придонесе водостојот на Треска да се зголеми и да имаме поповолна хидролошка година, додаде Стојкоски и посочи дека и топењето на снегот од повисиките планини ќе ја подобри хидрологијата.

-За пораст на водотеците во овој регион ќе придонесе и наредниот период, кога температурите ќе пораснат што ќе придонесе снегот да почне да се топи и од повисокоите врвови кои зимава обилуваат со снежна покривка.

Без поволен водостој на Треска вештачката акумулација Козјак ќе остане без вода како што тоа се случи последните неколку години, кога големината на езерото се намали за 50 проценти.

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:треска
Претходен напис Четири златни медали и една специјална награда за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на престижниот „Мундус Вини“ во Германија
Следен напис Министерот Николовски се сретна со американската амбасадорка Брнз: Продолжуваме со унапредување на секторот земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?