Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ССМ најавува блокади од следната недела ако не се зголемат платите, ја повикува Владата в понеделник да го потпише колективниот договор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ССМ најавува блокади од следната недела ако не се зголемат платите, ја повикува Владата в понеделник да го потпише колективниот договор
Агровести

ССМ најавува блокади од следната недела ако не се зголемат платите, ја повикува Владата в понеделник да го потпише колективниот договор

Објавено 30/01/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Следната недела Сојузот на синдикатите на Македонија почнува со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите. Од таму упатија отворен повик до Владата да дојдат в понеделник во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор со кој платите ќе се зголемат веќе од февруари. 

– Го повикуваме претставникот на Владата в понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува платите на вработените за 40 проценти и наместо во 2028 година, да ја зголемиме минималната плата на 600 евра од февруари 2026 година. Го покануваме преку вас медиумите да дојде и да ја зголеми платата врз манипулациите што ги искажуваат дека ССМ одбил да се зголеми, а патем ССМ протестира и од улица им кажуваме дека не ги зголемуваат платите. Но, доколку не дојде, што тогаш – рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска на прес-конференција.

За протестот што се одржа во средата, Трендафилов им се заблагодари на сите работници што присуствуваа, особено на оние на кои, како што рече, им бил вршен притисок да не излезат. Како примери каде што е вршен притисок ги спомена „Македонска пошта“ и заменик-генералниот директор, како и Тутунскиот комбинат – Прилеп, каде што извршниот директор ги повикувал вработените да не одат на протест и да потпишат пристапници во КСС. Посочи и на случаи во кои претставници на синдикални организации на КСС изјавувале дека нема потреба од излегување на протест, како регионалниот претставник на СОНК за Делчево и на претседателката на синдикалната организација во „Македонска пошта“, за каде што побара Државниот инспекторат за труд да направи надзор и да утврди како за краток период се собрани огромен број пристапници. 

– Жалосно е што Конфедерацијата на слободните синдикати преку медиумите неколку дена пред одржувањето на големиот работнички протест за зголемување на платите излезе со став дека нема потреба од вакви радикални чекори бидејќи платите на вработените се зголемиле за 20 проценти. Ако на еден член во Конфедерацијата на слободните синдикати му е зголемена платата за 20 проценти, во ред, а доколку не, веднаш да излезе од таа Конфедерација затоа што терминот „слободни“ очигледно е заробен. Претседателот на оваа Конфедерација во емисија на телевизијата „24“ истакна дека платите на функционерите се ниски, дека треба дополнително да се зголемат и дека функционерите не може да имаат плата од 1.000 евра – рече Трендафилов.

ССМ останува на најавите за блокади, кои ќе почнат од следната недела. Првично ќе се блокираат влезовите на Скопје.

– Наредната недела ќе почнеме со блокади, како што најавивме на големиот протест. Ќе почнеме со блокади на Собранието. Веројатно тие ќе бидат првите што ќе ги блокираме затоа што тие нè блокираа цела година, го чуваа законот во фиока и не сакаа да ги зголемат платите на работниците. Тоа значи дека пратениците ќе мора да дојдат пеш или со јавен превоз, како што одат работниците на работа. Тој ден нема да може да наплатат патни трошоци, а ќе побарам од претседателот на Собранието да нè информира кој пратеник побарал патни трошоци за тој ден – рече Трендафилов.

Останува и одлуката за организирање 24-часовен генерален штрајк, донесена од страна на највисоките тела на Синдикатот. 

– Одлуката за поведување генерален штрајк, кој работниците го бараат и кој ќе трае 24 часа, ќе ги заштити сите работници што тој ден нема да ги извршуваат своите работни обврски и ќе излезат на улица, како што тоа го прават нивните колеги во Франција, Грција и Белгија. Законот ги штити работниците. Ќе определиме само нужни работи, кои мора да се извршуваат, како и во 2020 година кога организиравме генерален штрајк во јавниот сектор. Здравството и безбедноста ќе бидат дејности што ќе функционираат со минимум процес на работа, а сите други ќе имаат полно право да застанат зад одлуката за генерален штрајк, да дојдат на улица и да не ги извршуваат своите работни задачи и на таков начин да им покажат на работодавачите, на бизнис-елитите и на функционерите што мисли работникот за нив – рече Трендафилов.

Сојузот на синдикатите во средата одржа протест поради неисполнување на барањата за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Од протестот беше испратена порака дека тоа е само почеток на чекорите што ќе се преземат за да се зголемат платите бидејќи минималните трошоци на едно семејство во јануари се зголемени за илјада денари, а цените на основните прехранбени производи секојдневно растат.

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:блокадиВладатазголемат платитеколективниот договорССМ
Претходен напис Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
Следен напис Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според законот, ќе има зголемување и нивелирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?