Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
Агровести

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО

Објавено 30/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извештајот за состојбата на Охридскиот Регион е пратен во УНЕСКО, потврди денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Како што изјави Љутков, одговор за тоа дали ќе бидеме ставени на Листата на светско наследство во опасност може да се очекува во јуни кога треба да се одржи следната сесија на УНЕСКО во Јужна Кореја и на се мора да бидеме подготвени.

Министерот оцени дека ситуацијата со Охрид и Охрдиското Езеро не е ваква од сега, туку се работи за процес што трае 30-ина години. 

– Ги зедовме сите потребни податоци од сите институции и врз основа на тие податоци, но и врз база на комуникацијата со Албанија, се направи извештајот. Во меѓувреме, формиравме и кризен штаб за да ја кренеме целата ситуација на многу повисоко ниво. Кризниот штаб имаше два состанока, имаме мислење од него. Минатата недела, во понеделникот, имав состанок со Националната комисија за УНЕСКО, направивме мислење, го поминавме извшетајот и во вторникот извештајот помина и на Влада. Веднаш ги мечувавме давата извештаја, и од македонската и од албанската страна, и веќе се испратени до УНЕСКО. Сега, во овој период, не ни останува ништо друго, освен да го правдаме она што сме го направиле до периодот до февруари – истакна Љутков одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за Саемот за туризам, што ќе се одржи викендов во Скопје.

Прашан што очекува како одговор од УНЕСКО, одговори дека мора да се подготвуваме на сè.

– Ова не е некој процес што ѝ се случува на оваа Влада или на овие министри, туку е процес што се случува наназад 30-ина години. Мора да земеме предвид дека лани ни беше последната опомена и ова што ни дадоа рок од седум месеци да завршиме некои постапки е јасен сигнал дека тие подготвуваат, а и претходно се подготвуваше, да влеземе на Листата на опасност. Сè може да се очекува и треба да бидеме подготвени на сè. Наша задача е да не биде тоа така и да направиме уште еден притисок да ни се даде дополнително време. Мислам дека следната сесија на УНЕСКО е во Јужна Кореја во јуни и во тој период ќе го очекуваме одговорот од нивна страна. Ние имавме период од седум месеци да го направиме тоа што треба, сега уште пет месеци да го чекаме одговорот – истакна Љутков.

Македонија и Албанија до 1 февруари 2026 година тебаше да достават детаљни извештаи до УНЕСКО за преземените мерки за заштита на Охрид и Охридското Езеро како дел од обврските да го зачуваат статусот на светско природно и културно наследство и да го избегнат поставувањето на регионот на Листата на светско наследство во опасност.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извештајотУНЕСКО
Претходен напис Претседател на ловечко друштво од Струмица присвоил над 1,3 милиони денари од сметката на друштвото
Следен напис ССМ најавува блокади од следната недела ако не се зголемат платите, ја повикува Владата в понеделник да го потпише колективниот договор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?