Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ССКМ: Македонските дестилерии и винарии – откривање на душата на дестинациите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ССКМ: Македонските дестилерии и винарии – откривање на душата на дестинациите
Агровести

ССКМ: Македонските дестилерии и винарии – откривање на душата на дестинациите

Објавено 04/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружение Македонски Дестилерии Кавадарци потпишаа Меморандум за соработка со цел воспоставување на меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за застапување на интересите на дестилериите , нивно позиционирање на извозните пазари и промоција.

Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на Здружение Македонски Дестилерии Александар Клинчаров.

“Поддршката на малите и микро компании е важен аспект од работењето на Сојузот бидејќи малите семејни дестилерии треба да имаат посебно место на пазарот кое ќе им дозволи да го истакнат високиот квалитет на производите кои ги создаваат со врвни енолози. Со овој меморандум ја формализираме нашата заложба да им дадеме целосна и безрезервна поддршка преку нивна застапување, промоција, вмрежување и различни други форми на активности, каде нашата Туристичко угостителска комора со својата експертиза ќе учествува во создавање на ено гастро концептот и ќе се вклучи за дополнителен маркетинг на македонските дестилерии,и да се намали јазот меѓу мали и големите производители”, изјави Ангелоски.

“Македонските семејни дестилерии постојат како здружение две години и во него членуваат 30 регистрирани дестилерии, и со поддршка на Сојузот на стопански комори заеднички ќе делуваме на сите предизвици и законски промени за наше успешно деловно работење,и наша зголемена промоција и препознатливост на македонските брендови”, истакна претседателот на дестилериите Клинчаров.

Меморандумот предвидува соработка за лобирање и застапување на интересите на македонските дестилерии пред сите домашни и меѓународни организации и институции, заеднички настап на извозните пазари,поддршка во градење препознатливост на македонските дестилерии на регионалните и меѓународните пазари, активности за промоција и развој на вински туризам.

Извор: chamber.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винариидестилериидестинациитедушатаМакедонскитеССКМ
Претходен напис Криминалот врз дивиот свет во земјава, посебно на заштитените видови е во пораст
Следен напис Пожарот во Мариово останува активен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?