Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пожарот во Мариово останува активен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пожарот во Мариово останува активен
Агровести

Пожарот во Мариово останува активен

Објавено 04/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку 200 професионалци, припадници на Армијата, од специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми, пожарникари од повеќе градови цел ден се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар  кој е активен четврти ден. Горат нискостеблести растенија, но има зафатено и борови. Прилепскиот општински Кризен штаб ги координира акциите. Жителите на мариовското село Бонче поминаа неизвесна ноќ. Во опасност им беа имотите, ама пожарникарите помогнаа и не дозволија да има штети.

-Во селото сме 30-тина жители. Има и деца. Јас бев на првата линија во опасност, зашто мојата куќа е во почетокот на селото. Благодарен сум им на прилепските пожарникари и на пожарникарите од Битола кои не дозволија да ми изгори имотот, а имам и 30 грла добиток. Многу беше тешко. Пожарникарите постојано се на терен, рече Жарко Маркоски, жител на селото Бонче.

Од изутрината околу селото се распоредени пожарникари од Охрид.

– Од 6 часот изутрината сме на тереноколу селото. Го штитиме тој дел кој е ставен под контрола. Се надеваме дека пожарот довечер ќе го изгаснеме, рече Борко Јанкулоски командир на ТППЕ од Охрид.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој беше на теренот во Мариово, делови од пожарот се изгаснати, но со топлото време се разгорува онаму каде преку нуќта огнот се стишил.

-Интервенцијата од воздух, посебно во претпладневните часови беше оневозможена поради густиот чад. Се надеваме дека ќе им,а погодни временски прилики за интервенција со хеликоптер и ЕР трактор. Горат нискостеблести растенија, но има зафатено борови стебла иако не многу. Сега огнената линија не е како вчера екстремна од преку 20 километри. На помош имаме огромен број ресурси од целата земја, рече Ангелов на теренот во Мариово.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:активенМариовопожарот
Претходен напис ССКМ: Македонските дестилерии и винарии – откривање на душата на дестинациите
Следен напис Фон дер Лајен: Земјоделството е еден од најважните сектори за Европа и затоа мора да ги заштитиме земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?