Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Српскиот хелкоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ го гаси пожарот кај Охрид 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Српскиот хелкоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ го гаси пожарот кај Охрид 
Агровести

Српскиот хелкоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ го гаси пожарот кај Охрид 

Последна измена: 05/08/2024 13:02
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, од саботата секојдневно го гаснат пожарот кај Охрид, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода, јави дописникот на МИА од Белград.

– Припадниците на хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации продолжуваат да им даваат поддршка на македонските колеги во борбата против пожарот. Нашата посада на „Супер Пума“ е ангажирана во гаснењето на пожарите во околината на Охрид. Секој ден работат од 6 до 7 часа, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода. Нивниот ангажман не е само борба против огнената стихија, туку и за солидарност и помош меѓу соседите. Секој лет со хеликоптер претставува уште еден чекор кон сигурна и побезбедна средина за сите нас. Горди сме на нашите херои во воздухот кои неуморно работат на заштита на животите и имотот, се вели во соопштението на официјалната страница на Инстаграм на МВР на Србија.

Инаку, МВР на Србија, во текот на изминатата недела, поради ширењето на пожарите во источниот дел на Северна Македонија, врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Северна Македонија, пружи помош со испраќање хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.

-Во изминатите три дена хеликоптерот од Србија оперираше во атарот на село Јамница, на територијата на општина Пробиштип и успешно учествуваше во локализирање на пожарот во атарот на населбата Долно Ѓуѓанци, во близина на градот Свети Николе, како и во атарот на селото Рамно на територијата на општина Старо Нагоричане, наведоа тогаш од МВР Србија.

Пред тоа во кон средината на јули МВР Србија го испрати противпожарниот хеликоптер Камов Ка-32 со носивост од пет тони вода на гаснењето пожари кај Ново Село и на планината Серта во загрозената област во општините Неготино, Конче и Штип. 

МИА

Може да ви се допадне

Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат 
Каракашев: Земјите во соседството ги штитат земјоделците, кај нас се е оставено на милост и немилост на трговците
„Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
УХМР: Утре врнежи од дожд, на повисоките планини повремен снег
Таг:Ербас Х215 Супер ПумаОхридпожаротСрпскиот хелкоптер
Претходен напис Еуросупер БС 95 и дизелот од ноќеска поевтинуваат
Следен напис Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?