Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,50 за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 72,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 71,00 за литар.
За 0,321 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 44,060 денари.
МИА
Напишете коментар