Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Српската влада дозволи извоз на брашно


Владата на Србија денеска одлучи да дозволи извоз на брашно бидејќи е проценето дека тоа нема да ја загрози понудата на домашниот пазар, јави Бета.

Извозот на брашно е овозможен со изменување и дополнување на Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која се воведени квантитативни ограничувања на извозот на месечно ниво за одредени земјоделско-прехранбени производи.

„Понудата на брашно и пченица на домашниот пазар е добра и слободниот извоз на брашно не може да ја загрози понудата на домашниот пазар, а овозможува растоварување на силосите за прием на новата жетва, како и зачувување на традиционалните пазари, со оглед на тоа дека Србија е традиционален извозник на брашно на пазарите во земјите од регионот”, се наведува во соопштението по седницата на српската Влада.

Се посочува дека слободниот извоз на брашно ќе има повеќекратно позитивно економско влијание на домашниот пазар, ќе доведе до поголемо вработување во домашните преработувачки капацитети и ќе им овозможи на мелниците да обезбедат пари за откуп на новата реколта.

Извозот на пченица и брашно од Србија, како и на пченка и масло, беше забранет на 10 март годинава со цел да се обезбеди снабдување на пазарите за време на кризата предизвикана од војната во Украина, а на 20 април беа одобрени квоти за извозот на тие стоки.

Мај 11, 2022agrotim1
Започна аплицирањето за Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската кризаПоставен камен темелник на новиот продажен центар на „Мебел-Ви“ во Струмица

Напишете коментар Откажи одговор

11/05/2022 Агровестибрашно27

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019