Активностите во делот на одгледувањето на шумите, се базираат на обврските кои се пропишани со Посебните планови за стопанисување со шумите. Со членот 94 од Законот за шуми, регулиран е начинот на издвојување и користење на средствата за проста репродукција на шумите. Средства за проста репродукција на шуми издвојуваат субјектите кои стопанисуваат со шумите во државна сопственост во висина од 10% од вредноста на исеченото дрво, франко камионски пат во шума. Овие средства се наменски и се користат за одгледување на постојните шуми, за изградба на шумски патишта, за техничко опремување заради вршење на работи за заштита на шумите од пожари, болести и штетници, како и за изработка на планови за стопанисување со шумите. Во текот на 2022 год. издвоени се средства за проста репродукција на шумите во износ од 111.227.750 ден., а потрoшени се средства во износ од 63.122.036 ден. за одгледувачки работи и заштита на шумите по вид на извршена работа.
ЈП Национални шуми
