Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Италија подготвува мерки за помош на превозниците и земјоделците, протестите со блокади предизвикуваат проблеми во снабдувањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Италија подготвува мерки за помош на превозниците и земјоделците, протестите со блокади предизвикуваат проблеми во снабдувањето
Агровести

Италија подготвува мерки за помош на превозниците и земјоделците, протестите со блокади предизвикуваат проблеми во снабдувањето

Објавено 22/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Италијанската влада денеска треба да одобри уредба со мерки за поддршка на патните превозници и дополнителни средства за земјоделството, додека протестите поради цените на горивата и блокадите на патиштата предизвикуваат нарушувања во снабдувањето и сообраќајот во неколку области во јужна Италија.

Извори од кабинетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони наведоа дека Владата работи на обезбедување средства за поддршка на патниот транспорт. Мерките вклучуваат надоместување на трошоците за дизел, суспендирање на надоместоците за лизинг и дигитализација на товарните листови, со посебен акцент на малите превозници.

Владата, исто така, инсистира на нормализирање на сообраќајот и почитување на законот, нагласувајќи дека треба да се прави разлика меѓу легитимните барања на демонстрантите и незаконско однесување.

Блокадите на патиштата што ги спроведуваат камионџиите во знак на протест поради цените на горивата ќе траат најмалку до 27 октомври, пренесуваат италијанските медиуми.

- Реклама -
Ad image

Компанијата „Енте Аутономо Волтурно“ (ЕАВ) синоќа најави намален обем на сообраќај, што стапува во сила денеска и ќе трае најмалку до 24 октомври. Поради недостигот од гориво, можно е дури и целосно запирање на метрото и возовите.

Загрозен е и поморскиот сообраќај кон островите Искија и Прочида.

Авиокомпанијата „Ер Кампанија“ најави намалување на бројот летови, а загриженоста во јавноста расте поради сè поголемиот број бензински пумпи на кои снемува гориво. Пред нив се создаваат долги редици, особено во Неапол.

Во меѓувреме, сè повеќе супермаркети имаат празни рафтови поради недостиг од свежи прехранбени производи.

Загриженост има и во врска со снабдувањето на аптеките.

– Засега немаме добиено никакви извештаи за недостиг од лекови поради протестите на камионџиите. Нема причина за тревога, нема нарушувања во работењето, а ситуацијата е под контрола, изјавија извори од организацијата „Федерфарма“.

МИА

Може да ви се допадне

Јавен повик за доставување понуди за набавка на ИТ опрема за Проектот Злетовица
Подгответе се за промена на времето: На 25 октомври стрелките се враќаат еден час назад
Сообраќајот по влажни коловози, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Поскапувањето на храната почнува далеку од маркетите – светот стравува од нов ценовен бран во 2027 година
Заменик-министерот Хоџа на Балканскиот самит 2026: Регионалната соработка отвора можности за развој на земјоделството и привлекување инвестиции
Таг:земјоделцитеИталијапревозницитепротестите
Претходен напис Јавен повик за доставување понуди за набавка на ИТ опрема за Проектот Злетовица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?