Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба Николовски – Патуанели: Преку потпишаниот меморандум за соработка отвораме нови можности за соработка во земјоделството меѓу Северна Македонија и Италија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба Николовски – Патуанели: Преку потпишаниот меморандум за соработка отвораме нови можности за соработка во земјоделството меѓу Северна Македонија и Италија
Агровести

Средба Николовски – Патуанели: Преку потпишаниот меморандум за соработка отвораме нови можности за соработка во земјоделството меѓу Северна Македонија и Италија

Објавено 28/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како дел од работната посета на Република Италија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари работна средба со министерот за политики во земјоделството, прехрана и шумарство на Италијанската Република, Стефано Патуанели.

Загриженост изразија двајцата министри за светската кризата и растот на трошоците за производство, која доаѓа како последица на војната во Украина. Изнаоѓањето на алтернативни пазари, како и помошта на домашното земјоделство е клучна во овие моменти. Во таа насока министерот Николовски информираше за активностите кои Министерството ги презема во насока за заштита и одржување на домашното производство.

На средбата двајцата министри разговараа околу новите можности за развој на соработката меѓу нашите две пријателски земји, оценувајќи ја како добра досегашната трговската соработка.

Двајцата министри потпишаа и Меморандум за соработка помеѓу двете држави во областа на руралниот развој, органското земјоделство, лозарство и производство на вино, фитосанитарна соработка, осигурувањето и финансиска поддршка во земјоделството, во делот за управување со ресурсите за наводнување, како и заштитените ознаки на потекло и географски ознаки.

По потпишувањето на Меморандумот, двете министерства ќе формираат заеднички работни групи, каде ќе ги дефинираат акциските планови за имплементација и развој на полињата на соработка наведени во Меморандумот. Со овој Меморандум се продолжува соработка од јули 2021 година помеѓу италијанските карабинери и шумската полиција на Република Северна Македонија.

Министерот Николовски го потенцираше своето очекување дека во иднина трговската размена со земјоделски производи ќе се зголеми, а тоа ќе им користи на земјоделските производители во двете земји.

Може да ви се допадне

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Во јуни годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и 13,1% на вкупната кредитна поддршка
Таг:Николовски
Претходен напис Во Хрватска отворена првата европска хибридна фабрика за преработка на компири и грав
Следен напис Николовски од Рим: Потпишана нова петгодишна Програмска рамка со ФАО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?