Во 2020 година, во Србија барањата на производителите на органска храна за субвенции двојно ја зголемија сумата на средства издвоени во националниот буџет, што зборува за големиот интерес на земјоделците да се вклучат во овој вид на производство, но и за потребата од вклучување на локалните самоуправи во нивно охрабрување, соопшти Националната Агенција за локален економски развој(NALED).
„Периодот кога органските производители имаат потреба од најголема помош е на самиот почеток, кога ќе влезат во процес на пренамена на земјиштето и добивање на сертификати, а тој период може да трае и до три години, во зависност од видот на производството. Субвенциите за органско растително производство во моментов се четири пати поголеми во однос на конвенционалното. Површините под органско производство се зголемени за 236 % во последните 10 години, но тоа е е само 0,6 проценти од вкупното искористено земјоделско земјиште“, рече Јелена Милиќ, шеф на Групацијата за органско производство во Министерството за земјоделство на Србија, на онлајн конференција „Како да се подобри развојот на органското земјоделство на локално ниво“,
Нови Сад – пример за локална самоуправа
На состанокот беше истакнато дека високите првични инвестиции и бараните административни процедури се главните пречки со кои се соочуваат производителите на органска храна. Нови Сад е пример за локална самоуправа што го реши стравот од враќање на инвестицијата со надоместување на целосните трошоци за процесот на сертификација и контрола, како и поддршка за набавка на семе, заштитна опрема, едукација и промоција. Оваа година беа издвоени пет милиони динари за тие цели. Сличен пристап веќе објавија и другите локални самоуправи во Србија, како Крушевац и Димитровград.
Ратко Аксентијевиќ од Здружението на одгледувачи на органски овци и говеда „Голија“ истакна дека субвенциите се особено важни за одгледувачите на говеда бидејќи административните барања во таа област се значително повисоки во однос на растителното производство и дека е потребно да се поттикне групно сертифицирање на производителите на поголем број на земјоделци вклучени во органското производство.
Во Србија најзастапено е производството на органско овошје (малини, јаболка и капини), житарици (пченка и пченица), индустриски растенија (соја и сончогледи), како и живина и овци. Во споредба со 2012 година, бројот на производители се зголеми од 1.000 на 6260, но само 534 беа овластени додека останатите се само кооперанти. Околу 90 % од производството е наменето за извоз, а вредноста на домашните производи во странство е скоро 30 милиони евра.
Новиот правилник за контрола и сертификација во органското производство, донесен во јули годинава, за прв пат ја регулира можноста за производство на органски вина во Србија. Исто така, проширен е списокот на производи за заштита на растенијата и исхраната во согласност со регулативите на ЕУ, што ќе го олесни производството во областа што не дозволува употреба на хормони и ГМО, како и строго ограничена употреба на производи за заштита на растенија и антибиотици, се вели во соопштението.
Извор: Агроклуб.рс
