Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија ќе користи македонски искуства за средства од ИПАРД програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Србија ќе користи македонски искуства за средства од ИПАРД програмата
Агровест

Србија ќе користи македонски искуства за средства од ИПАРД програмата

Последна измена: 20/11/2019 23:06
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  и српската Управа за аграрни плаќања ќе потпишат меморандум за соработка за взаемна помош за развој на институционалната структура, како и размена на знаењата и вештините на вработените за користење средства  од националните буџети и европските фондови.
Тоа го договориле денеска на средба директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и неговиот заменик Авдул Селам Селами со директорката на Управата за аграрни плаќања на Србија Билјана Петровиќ.
Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ова е прва официјална работна средба на директорите на платежните агенции на Северна Македонија и Србија, а е по насока на исполнување на заложните на „DG Agri” ( Генерален директорат на европската комисија за земјоделство и руеален развој). Целта е вработените од АФПЗРР, вработените од Платежна агенција на Србија да им дадат вештини и знаење за поголема апсорпција и забрзана обработка на апликациите за ИПАРД.
Директорот Бабовски истакнал дека чест и задоволство е како неформален лидер во регионот за искористеност на средствата од ИПАРД 2 програмата да се споделат искуства и знаење.
– Република Северна Македонија како земја која веќе долго време ја реализира ИПАРД Програмата, преку последните повици покажа дека има капацитет за успешна имплементација, но, и дека има желба да го дисиминира своето искуство и знаење на земјите од регионот кои се на почетокот на патот од евроинтегративниот процес. Доказ дека сме на добар пат се и склучените договори за ИПАРД. До денеска по сите мерки и повици, склучени се 1.181 договор со вкупно побарана сума 29,2 милиони евра, од нив целосно реализираани се 776 договори со вкупна сума од 11,5 милиони евра, истакна Бабовски.
Директорката на Управата за аграрни плаќања Петровиќ посочила дека од огромно значење е искуството што нивната Агенција ќе го добие од АФПЗРР.
– Меѓусебното јакнење на Платежните агенции е од клучно значење за нас и нашата држава. Република Северна Македонија од страна на „DG Agri” ни беше посочена како добар пример од кого може многу да се научи. Со помош на искуството од колегите од АФПЗРР, ќе имаме можност да ја намалиме бирократскта процедура која ја имаме во моментот, да ги скратиме роковите за обработка на поднесените барања за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД програмата а со тоа и побрза исплата на средствата кон апликантите и развој на нашиот агро сектор. ” – исткана Петровиќ.
Заменик-директорот на АФПЗРР Авдул Селам Селами на средбата истакнал дека преку развој на платежните агенции се развива секторот земјоделство, но и целиот регион.
Директорите, договорија наредна средба на која двете Агенции, треба да потпишат и Меморандум за соработка, преку кои ќе обезбедат тесна соработка и взаемна помош за развој на институционалната структура, како и знаењата и вештините на самите вработени за користење на средствата како од националниот така и од ЕУ Буџетот.

Може да ви се допадне

Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори
Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
„Дебела маќеница“ – Против чир на желудник, кожни заболувања и спортски повреди
Таг:директорИпардискуствапрограмасрбија
Претходен напис Со 500 евра казнет сопственик за напуштање на миленик
Следен напис Се очекуваат нови јавни огласи за земја над 3 хектари, подгответе се да аплицирате…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?