Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија ја повика Светската туристичка организација да го подржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Србија ја повика Светската туристичка организација да го подржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан”
Агровест

Србија ја повика Светската туристичка организација да го подржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан”

Објавено 21/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, во пресрет на 6. Глобална конференција на Светската туристичка организација за вински туризам, во италијанскиот град Алба, го повика генералниот секретар на Светската туристичка организација (UNWTO) Зураб Пололикашвили, да го подржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан”, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од нејзиното Министерство, Матиќ на средбата со Пололикашвили го претстави регионалниот проект „Винските патишта на Отворен Балкан”, како и првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан” што се одржа во Белград и ја покани Светската туристичка организација да ја поддржи оваа иницијатива, нагласувајќи ја нејзината важност не само за Балканот, но и за цела Европа.

– Препознавајќи ги винските патишта како иднина на туризмот, проектот „Вински патишта на Отворен Балкан” ќе им помогне на Албанија, Северна Македонија и Србија понатаму да ги развиваат лозарството и винските сектори и заеднички да го позиционираат регионот на Западен Балкан на европската и светската мапа за вински туризам како дестинација што мора да се види. Затоа поддршката на Светската туристичка организација би била од големо значење за развојот на овој регионален проект, порача Матиќ.

Генералниот секретар на Светската туристичка организација Пололикашвили го поздрави активирањето на иницијативата „Винските патишта на Отворен Балкан” и ја истакна важноста на гастрономијата, културниот туризам, руралниот туризам, телекомуникациите во туризмот, реката Дунав, како и вклучувањето на повеќе земји во иницијативата.

Пололикашвили ја истакна важноста на образованието во туризмот и ја покани Србија да се приклучи на онлајн платформата на Академијата Светската туристичка организациј, која промовира конкурентност во туристичкиот сектор и ѝ помага на работната сила на глобалната индустрија полесно да пристапи до локалните и меѓународните можности за вработување.

Во соопштенеито се наведува и дека Матиќ се сретнала со заменик министерката за туризам на Бугарија, Мариела Модева, на која и го претстави проектот „Вински патишта на Отворен Балкан”.

На средбата Матиќ оцени дека вклучувањето на другите земји од регионот, меѓу кои и Бугарија, во иницијативата „Вински патишта на Отворен Балкан” ќе придонесе за подобра економска состојба и зголемување на туризмот во целиот регион и посочи дека постои интерес за заедничко аплицирање за ИПА програмите на ЕУ во областа на туризмот.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:вински патиштаматиќотворен балкантуризам
Претходен напис На 8 октомври ќе се одржи Агро саем Струмица 2022
Следен напис Претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?