Како што дознава порталот zrenjaninski.com, двајцата чувари при обиколка на атарот на селото Чента забележале камион со лубеници и неколку лица кои ги товарале во приколка. Кога крадците ги забележале чуварите, почнале да бегаат, оставајќи го возилото натоварено со лубеници.
Еден од чуварите продолжил да ги следи додека бегале во правец на Дунав, а другиот веднаш повикал полиција. Полициската патрола брзо стигнала на лице место и камионот со лубеници е запленет.

Утврдено е дека арамиите прегазиле една нива со пченка за да се доближат до бостанот и дека дури 1.500 лубеници биле собрани и натоварени во камион, или оставени покрај патот, подготвени за товарење.
Сите лубеници се вратени на сопственикот, а обврската за запленетиот камион ја превземала Полициската управа во Зрењанин.
Извор: Зрењанински
