Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Spirit of Prespa”, фарма во Царев Двор oд каде гостите си одат со полни кошници цреши и јаболки и уште пополна душа од природна убавина!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > „Spirit of Prespa”, фарма во Царев Двор oд каде гостите си одат со полни кошници цреши и јаболки и уште пополна душа од природна убавина!
Рурален Развој

„Spirit of Prespa”, фарма во Царев Двор oд каде гостите си одат со полни кошници цреши и јаболки и уште пополна душа од природна убавина!

Последна измена: 23/10/2019 22:54
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Во близината на Ресен, селото Царев Двор , не само што е познато по пространите овошни насади на јаболка, на пат е да стане препознатливо и по малата овошна фарма, каде посетителите може да уживаат во природата,  изобилството од плодови и да вкусат домашни специјалитети. Иновативност помина еден прекрасен ден на уникатната фарма „Spirit of Prespa“ 

Пишува: Марија Георгиевска

Сезона на цреши, а бербата во полн ек во Преспа. Таму ме однесе патот за да ја задоволам мојата љубопитност од сознанието дека тука се наоѓа едно мало парче, задскриено помеѓу селските куќи, што се вика „Spirit of Prespa“ (Духот на Преспа). Со големо нетрпение го чекав овој ден, обземена од идејата да осознаам што имаме во Македонија, што може да се прикаже како уште еден убав пример на мал бизнис, да се искористи потенцијалот на селото, да се даде економска вредност од природата и да се постигне поголем рурален развој.

Следејќи што се прави за искористување на потенцијалот на руралниот туризам, дојдов до сознанието дека постои ова парче земја во Преспа и ја разбрав целата приказна од главната креаторка  Ана Лабор, која како млада жена фармер и земјоделец се појави во јавноста со добиените признанија за својата рурална приказна „Spirit of Prespa“.

Моето новинарско љубопитство не можев да го смирам и лично се запознав со Ана во Скопје, а веднаш по средбата сфатив зошто оваа млада жена толку успешно ја пренесува својата семејна традиција, големата љубов кон Преспа, кон овошките и градината. По средбата, понесена од приказната, ја замолив Ана да ме извести кога ќе биде бербата на цреши, за да ја посетам и да го доживеам искуството на турист за еден ден. Така, се случи да стигнам овде, во убавата жолта куќа на крајот од Царев Двор, наречена  „Spirit of Prespa“.

Срдечно добредојде – највреден впечаток за туристот

Срдечно добредојде и топла насмевка за пречек на портата, доживеав од домаќинката на семејниот имот, Виолета Прцуловска, мајка на Ана Лабор. И тука почна да се задоволува погледот со распосланиот зелен рај на фармата, која наликуваше како да е нацртана, но по мој мерак.

Г-ѓа Виолета како вистинска домаќинка, за добредојде не почести кафе и ни раскажа за нејзиниот живот на село и приказната за „Spirit of Prespa“. Не заслади со домашен колач со јаболка, сок од аронија и бозел и овошни ликери. Имав привилегија да вкусам и сок од рози, направен по стар подзаборавен рецепт.

Додека се насладував од вкусните специјалитети, Прцуловска раскажуваше дека главниот „виновник“ да го претворат нивниот дом во место за други посетители и да им  подарат уживање барем на еден ден, била нејзината ќерка Ана. Идејата ја прифатиле и другата ќерка Елена која исто така е вклучена во семејниот бизнис.

„ Ана, при еднo патување во странство, дојде полна со идеи и раскажа дека ги однеле на фарма, каде била изненадена како еден обичен селски атар привлекувал многу туристи. На гостите им нуделе се што произведувале: приготвена вкусна храна и локални специјалитети. Тогаш препознала дека тоа може да го прави и во нејзината фарма. Да ја отворат фармата за посетители и да брендираат домашно приготвени производи“, раскажува Прцуловска.

Целата репортажа на ИНОВАТИВНОСТ.МК

Може да ви се допадне

Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи
(ВИДЕО) Продадена најскапата машина на Новосадскиот саем – КОМБАЈН ЗА БЕРЕЊЕ КОМПИРИ во вредност од 770.000 евра
(ВИДЕО) Големи ама празни куќи – ваква е сликата во село Тркање, младите се иселиле, останале само повозрасните
Spirit of Prespa: Совршен ден исполнет со прекрасни луѓе, највкусна храна и незаборавна атмосфера
Скокнаа цените – Банани и јаболка над 100, црешите 1359 денари
Таг:ана лаборбербајаболкарурален развојтуризам
Претходен напис Превозниците бараат целосна дигитализација на граничните процедури
Следен напис Илијев: Од рурален развој досега добивме 53 милиони денари за изградба на нови локални патишта во Кочанско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?