Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
Магазин

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт

Објавено 22/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јужнокорејското Обвинителство побара затворска казна од една година за сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвездички“, обвинет за ставање мравки како додаток во десертите на гостите, објавија тамошните медиуми. Судските документи не го именуваат ресторанот, ниту сопственикот.

Обвинителите во понеделникот побарале и казна од 20 милиони вони (околу 12.200 евра) за ресторанот, бидејќи мравките не се меѓу 10-те видови инсекти дозволени во храната според законите во Јужна Кореја, пренесува „Би-би-си“.

На списокот одобрени инсекти се наоѓаат скакулци, штурци и неколку други видови погодни за исхрана кај луѓето. Гостилничарот признал дека мравки биле користени, но вели, тие биле дел само од едно од понудените 15 јадења, како прилог во сорбет, и гостите можеле да изберат друг прилог. Случајот е откриен откако инспекторите од Министерството за безбедност на храна и лекови пронајдоа проследиле Интернет-прегледи и оценки на гости со фотографии од јадења посипани со мравки. Истражителите проценуваат дека во текот на четири години, околу 49.000 мравки увезени од САД и Тајланд биле користени за подготовка на јадењата.

Здравствените власти, исто така, откриле дека мравките што биле користени содржеле до 55 пати повеќе тешки метали отколку што е вообичаено за инсекти одобрени за храна за луѓе.

Пресудата во овој случај се очекува на 2 септември. 

Во своја одбрана, сопственикот навел дека околу 60 отсто од посетителите на ресторанот избрале да ги пробаат мравките, додека на останатите им биле дадени други додатоци, како што се ферментиран оцет или јадливи цвеќиња. Тој додаде дека мравките се користат како јадлива состојка во ресторани во Австралија, Данска и Обединетото Кралство.

Во овој миг, 10 ресторани во Јужна Кореја имаат две „Мишелин ѕвезди“ – сите се во главниот град Сеул. Иако мравките се традиционална храна, па дури и деликатес во некои азиски, африкански и латиноамерикански земји, нивната употреба во храната не е одобрена во Јужна Кореја.

МИА

Може да ви се допадне

Пилешко во сос од печурки
Ролат со џем од вишни
Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Таг:десертзатворЈужна КорејаМишелин ѕвездиресторан
Претходен напис Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
Следен напис ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и  дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?