Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и  дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и  дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
Агровести

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и  дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани

Објавено 22/07/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија.

Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90 отсто од дефектите.

-Во моментов, на територија на цела држава, без напојување се сè уште 300 трафостаници, бидејќи паднатата вегетација на многу места целосно го блокира пристапот и дополнително ја отежнува работата. Сепак, на терен интензивно се интервенира и нема да се запре се до целосно нормализирање на состојбата. Најмногу погодени беа делови од Скопје, Куманово, Кочани и други населени места низ Македонија, велат од ЕВН.

Оттаму изразуваат благодарност до корисниците за покажаното трпение и разбирање во овие, како што велат, вонредни околности.

-Санацијата на секој поединечен дефект е резултат на максималниот ангажман на нашите теренски екипи. Компанијата ги стави на располагање сите свои капацитети и ресурси, кои остануваат мобилизирани се до целосно нормализирање на снабдувањето за секој корисник, порачуваат од ЕВН Македонија.

ЕВН Македонија

Може да ви се допадне

Серафимовски и Јанков извршија увид во штетите од невремето во струмичко Дабиле
УХМР потврди: Вчера во Скопје е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h
Усвоен ребалансот на Буџетот: Повеќе средства за земјоделството, здравството и образованието
Објавени телефонски броеви за пријава на штета од невремето
ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
Таг:90 отстодистрибутивната мрежаЕВН Македонијасанирани
Претходен напис Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
Следен напис Серафимовски и Јанков извршија увид во штетите од невремето во струмичко Дабиле
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?